Штикли поудобни од патики? И тоа е можно!
Удобноста и стилот најчесто не одат заедно, особено кога се во прашање чевлите со високи потпетици. Но, креативните иноватори, преку Кикстартер, измислија нов дизајн благодарение на кој чекорењето на висока штикла ќе биде подеднакво удобно како и одењето со патики. Користена е револуционерна технологија на мека влошка која се протега по целата должина на обувката, а дури и самата потпетица е отпорна на кршење.
Дизајнот е на Антонија Сеинт од Њујорк, а нејзиниот продукт имал почетна цел да собере фонд од 50.000 долари за реализација, но само за 18 дена, вредноста на проектот достигнала 596.820 долари. Ова покажува колку всушност е важна и прифатлива идејата за удобни високи потпетици кои нема да создаваат непријатна болка.
Благодарение на овој уникатен и иновативен дизајн, носењето штикли веќе никогаш нема да создава непријатности, особено поради тоа што се наменети за оние кои треба подолго време да поминат на нозе, а пригодата не дозволува да носат патики. Она што е добро во целиот проект е што доколку успее пробниот период, патентот за производство на ваквите чевли ќе стане комерцијален, а со тоа ќе бидат достапни за жените низ целиот свет, на кои добриот и елегантен изглед им е секогаш приоритет.
Она што е најважно е дека овие чевли изгледаат како и сите други и воопшто не се забележува однадвор дека всушност се наменети за лесно чекорење. Оваа дизајнерка докажува дека и елегантна, класична, црна чевла може да биде удобна, без да се нарушува популарниот дизајн. На голема среќа на сите жени во светот, наскоро ќе можеме лесно и удобно да носиме високи потпетици без да се грижиме за болките и неудобноста.
Прочитајте и како едноставно да го совладате одењето на штикли.