Јапонците се најслабите луѓе во светот. Дознајте ги нивните 8 принципи во исхраната
Јапонците дефинитивно го држат рекордот за најдолговечни луѓе во светот. Воедно, тие се сметаат и за најслабата нација во светот, бидејќи само неверојатни 3% од популацијата има проблем со прекумерна тежина. Несомнен е фактот, дека посебниот пристап којшто го имаат кон исхраната, игра значителна улога во нивната одлична здравствена состојба.
Во оваа земја, постои специјален систем на исхрана, којшто е препорачан од страна на владата и активно се користи од страна на нејзините жители. Тој е создаден во 2000-та година, од страна на неколку министерства, а е познат под името „Вртимушка: Јапонски водич за исхрана“ (Japanese food guide spinning top) според името на популарна играчка за деца.
Во продолжение, откријте што им се препорачува на Јапонците да вклучат во својата исхрана и како ги структурираат нивните оброци.
1. Клучната карактеристика во јапонскиот прехранбен водич, е големо присуство на јаглехидрати и мали количества на маснотии. Исто така, препорачано е да се избегнува сол, процесирана храна, благо и пијалаци коишто содржат многу шеќер.
2. Сите продукти се поделени во неколку групи и во секоја од нив, има препорачан број порции на дневно ниво. Големината на порциите, варира во однос на возраста и полот на личноста. Воглавно, исхраната се состои од житарици и зрнеста храна, како и зеленчуци (кои се користат свежи, приготвени и во супи), месо и риба. Овошјето и млечните продукти се препорачани во само две порции дневно.
3. Не е важно само што јадеме, туку и како го јадеме. Во традицијата на Јапонците е да уживаат во нивните оброци. Исто така, препорачано им е и да го пронајдат својот оптимален ритам на телото и да го следат, обидувајќи се ги консумираат оброците речиси во исто време, секој ден.
4. Во исхраната, препорачано е консумирање локални и сезонски продукти, како што се оризот и рибата, а во ретки исклучоци се вклучуваат и интернационални јадења.
5. Секој оброк треба да биде добро избалансиран и да содржи продукти од неколку различни групи. Така на пример, типичниот јапонски ручек за во училиште, се состои од ориз, месо или риба, Мисо супа, чаша млеко и овошје.
6. Свесниот пристап кон исхраната, Јапонците го формираат во рана возраст, односно уште додека се во основно училиште. Според нив, ручекот не е пауза, туку е составен дел од образованието. Во текот на паузата за ручек, никој не ги форсира учениците да брзаат со јадењето, а откако ќе се најадат, тие сами си ја чистат масата.
7. Друга важна карактеристика во јапонскиот систем на исхрана е консумирањето умерени оброци и постоењето баланс помеѓу внесеното количество храна и потрошените калории. Последното, го постигнуваат преку различни физички активности.
8. Употребата на полуготова храна или готвење однапред за неколку дена, не е нешто што се смета за здрава навика во Јапонија. Тие секогаш преферираат употреба на свежи продукти.
Како што можете да забележите, системот на исхрана на Јапонците е лесно разбирлив и едноставен за примена. Давајте им предности на свежите продукти коишто се типични за македонската кујна, ограничете ја употребата на маснотии и шеќери и свесно и бавно консумирајте ја храната. Не само што овие принципи се едноставни за следење, туку и докажано е дека се многу ефикасни. Во текот на едно 15-годишно истражување, објавено во 2016-та година, се мереле навиките во исхраната на речиси 80.000 Јапонци. Резултатите покажале дека стапката на смртност, била за 15% пониска кај оние лица, коишто ги следеле официјалните препораки за исхрана од јапонската влада.
Се согласувате со препораките од јапонската влада? Кој режим на исхрана го одржува вашето здравје и тело во форма? Споделете ја вашата тајна за здрав живот, во коментарите подолу.
Во продолжение, прочитајте ја и оваа древна јапонска терапија со вода, која го прочистува организмот, дава енергија и помага со еден куп болести.