Фотограф од Финска прави неверојатни фотографии со лисици
Финскиот фотограф Оси Сааринен правел фотографии од птици. Неодамна открил нова љубов – дивите лисици, а неговите фотографии навистина го доловуваат тоа.
Оси фотографира диви лисици од минатото лето. Едно утро додека шетал во некое село со неговиот фотоапарат, налетал на бебиња диви лисици. Малечките го почувствувале неговото присуство, но не се исплашиле и почнале да му се приближуваат.
Оси внимателно ги фотографирал, уживал додека ги гледал како си играат и почувствувал поврзаност со овие животинчиња. Од тој момент, лисиците станале негова вистинска инспирација за фотографирање.
Неговите фотографии ги прикажуваат лисиците како мистериозни и мили суштества. Ќе направат да се чувствувате како да гледате во некоја бајка. Додека малите љубопитни лисици ќе ви го стоплат срцето, оние заспаните навистина ќе ве релаксираат.
На овие фотографии навистина се гледа карактерот на лисиците. Уживајте и вљубете се во овие неверојатни суштества.
Продолжува на следната страница…