8 причини зошто потењето е добро за вас

Сподели

Најчесто се потиме кога ни е премногу топло. Со потта се лади телото и се намалува зголемената температура. Многу луѓе се потат кога се нервозни бидејќи емоциите како стрес и возбуда влијаат на потните жлезди. Сепак, тоа понекогаш може да биде и засрамувачко. Со затоплувањето на времето, сигурно почесто се грижите за дамките од пот на вашата облека. Но, потењето е добро за вас, а во продолжение погледнете зошто.rn

Реклама

1. Потењето го одржува здравјето на црниот дроб

rnАко сте претерале со пиење викендов, одете во теретана и добро испотете се. Потењето му помага на црниот дроб да го ослободи вашето тело од токсини. Експертите препорачуваат редовни кардио вежби за одржување на здравјето на црниот дроб.rn

2. Потењето ве одржува живи

rnКако што спомнавме, најчесто се потиме кога ни е топло. Човечкото тело е отпорно на многу нешта, но и тоа си има „точка на вриење“. Па, потењето го спречува тоа.rn

3. Потењето штити од инфекции

rnЗнаевте ли дека 70% од бактериите кои предизвикуваат болести, како ешерихија коли, се наоѓаат во теретаната? Но, човечката пот содржи природен антибиотик кој му помага на телото да се одбрани од овие бактерии.rn

4. Потењето ја хидратизира кожата

rnПостои недоразбирање дека потењето предизвикува акни. Се разбира, ако не го чистите лицето, големи се шансите тоа навистина да ви се случи. Но, потта ги отстранува нечистотиите од кожата и ја навлажнува. Добрите масла во вашата пот се задржуваат и по туширањето, па на некој начин се природен навлажнувач.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира