Витаминот Д е многу важен кога е во прашање општата здравствена состојба, но многу луѓе имаат сериозен недостиг од него. Овој витамин е создаден од холестеролот во кожата и се синтетизира при изложеност на сончевите зраци. Поради тоа, доволното изложување на сонце е важно за да се одржи здраво ниво на витамин Д во организмот.rnrn
rnrnСонцето е најважниот извор на витамин Д, па поради тоа тој често е нарекуван и „сончев витамин“. Ултравиолетовите зрачења реагираат со холестеролот присутен во клетките на кожата и притоа даваат доволно енергија за да започне создавањето на витаминот Д, кој е особено важен за одржување на здравјето и виталноста. Овој витамин помага на клетките правилно да ги апсорбираат материите кои им се потребни за правилно функционирање. На пример, со помош на витаминот Д се апсорбираат калциум и фосфор, кои се важни за цврстината на коските.rnrnНедостатокот на витаминот Д може да доведе до посериозни здравствени нарушувања, меѓу кои и:rn
- rn 011
- Остеопороза
- Карцином на коскени ткива
- Депресивни епизоди
- Мускулна слабост
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnИсто така, треба да се внимава да биде внесен и преку исхраната. Препорачливо е во дневното мени да бидат вклучени повеќе видови риби, слатководни или морски, телешки џигер, жолчка од јајце и конзервирани туна или сардина. Постојат и суплементи кои се особено корисни за луѓе кои немаат доволна изложеност на сончеви зраци, како на пример оние кои работат во производни погони или темни канцеларии или кои живеат во потемни и несончеви делови од планетата.rnrnИмајќи го сè ова на ум, може да се заклучи дека освен правилната исхрана, потребна е изложеност на сонце, за целиот процес да се одвива што поприродно.rnrn
rn
Излезете на сонце претпладне
rnОвој совет особено важи за летниот период, кога поставеноста на сонцето е пониска, бидејќи во пладневните часови зрачењето е директно и силно. Доколку излегувате на пладне, тогаш изложувањето на сончевите зраци треба да биде пократко. Секако, ова зависи и од тоа каде се наоѓате географски. Но, за наши услови, најдобро е да излегувате на сонце помеѓу 10 и 12 часот и да останете директно изложени околу 20 минути.rnrnВо овој период и зрачењето е помало, со што полесно ќе се избегне горењето на површинскиот слој на кожата, кое всушност го зголемува ризикот од рак на кожата.rn
Бојата и нијансата на тенот се значајни фактори за создавање на витаминот Д
rnВо зависност од количината на меланин, може да имате темна или светла боја на кожата. Меланинот ја штити кожата од оштетувањата кои можат да настанат поради изложеност на сонце, па колку повеќе е присутен, толку е помала можноста за горење. Но, кога е во прашање синтетизирањето на витамин Д, луѓето со потемна кожа треба подолго да бидат изложени на сончевите зраци (околу 30 минути). Што се однесува до заштитата, препораките за мачкање со лосиони со заштитен фактор важи и за двете групи на боја на тен.rnrnЛуѓето кои живеат во близина на екваторот помалку страдаат од недостиг на витамин Д. Како што се оддалечуваат од таа линија, настануваат и промени во најоптималните периоди за изложување на сонце. Така, во Македонија имаме можност за природно создавање на витаминот речиси преку целата година, особено ако и зимите се сончеви. Но, северно од нас, како што се државите во Скандинавија, имаат само неколку месеци да се изложуваат на сонце. Затоа, додатоците во исхраната кај овие луѓе се и повеќе од препорачливи.rnrn
rn
Покажете му повеќе кожа на сонцето
rnСекогаш кога можете, изложете што повеќе делови од кожата на сончева светлина. Преку лето тоа можете да го правите со маички на прерамки или со голи раменици, а додека сте на плажа, тогаш постигнувате идеална изложеност. Останете директно на сонце околу 10-30 минути доколку имате светол тен, а доколку имате темен, продолжете уште 10 минути.rnrnБез заштита сончајте се најмногу 10 минути, а потоа задолжително заштитете ја кожата со масло или лосион со соодветен заштитен фактор. Намачкајте го и лицето и носете очила и шешир за да ја заштитите кожата.rn
Како лосионите со заштитен фактор влијаат врз витаминот Д?
rnВо најголем дел, овие производи го блокираат директното влијание на ултравиолетовите зраци, кои се клучни во создавањето на витаминот Д. Поради тоа и се советува краткотрајна директна изложеност на кожата, но никако целосно исклучување на ваквите производи. Тие помагаат да се заштити површинскиот слој на кожата и да се избегнат непријатните изгореници, кои потоа предизвикуваат лупење на кожата и болки.rnrnЗа да компензирате, доколку користите заштитен фактор 30, останете подолго изложени на сонце. Во зависност од вашата индивидуална чувствителност, можете самите да процените колкав заштитен фактор ви е доволен и колку време можете да останете на сончевите зраци.rnrnВнимавајте да не претерате со директната изложеност, бидејќи само на тој начин можете да ги избегнете непријатните појави како што се изгорениците, чувствителноста и сувоста на очите, предвременото стареење на кожата, дисколорациите, топлотниот удар и рак на кожата.rnrnСекогаш грижете се да имате доволно сенка во близина, каде ќе се засолните и не претерувајте со времето на сончање. Кога сте на плажа, треба на секои два часа да нанесувате креми или лосиони со заштитен фактор, бидејќи потењето и капењето го бришат претходниот слој.rnrn
rn
Заклучок
rnСонцето е клучно за природно одржување на нивото на витамин Д во организмот. Сепак, мора да се внимава и на времето во кое сме изложени на сончевите зрачења и да го прилагодуваме на индивидуалната издржливост, но и на бојата и нијансата на тенот. Кога постои недостиг на витамин Д, може да се надомести со побогата исхрана, но и со додатоци во исхраната. На крај, секогаш внимавајте да имате и каде да се засолните од директните сончеви зраци, бидејќи на тој начин се штитите од изгореници и го намалувате ризикот за рак на кожата.rnrnДознајте и што ќе се случи ако веќе никогаш не излезете на сонце?