КАФЕ ПАУЗА

Што навистина значи утринската порака?

Што навистина значи утринската порака?

„Добро утро, убавице.“ Навистина е едноставно. Само неколку зборови. Но овие зборови покажуваат дека вие сте првата личност со која некој сака да разговара во денот.rnrnШто навистина значи утринската порака?rnrnОвие зборови покажуваат дека некој сака да биде првото нешто што ќе го видите кога ќе ги отворите очите. Овие зборови покажуваат дека вие сте првата личност на која помислил некој кога се разбудил.rnrnТаа личност иако не е до вас, сака да биде таму. Тоа е комплимент кој ќе измами насмевка на вашето лице.rnrnТоа е нештото кое таа го очекува кога легнува да спие, а вие сте биле во нејзините мисли. На овој начин му кажувате некого дека сакате денот да му почне добро, дури и ако не биде целиот таков.rnrnТоа е повеќе од порака за добро утро. Тоа е начин да покажете дека некој ви значи.rnrnЛесно е да се зафатиме со нашите животи. Лесно е да го започнеме денот и да ги тргнеме настрана дури и најсаканите личности.rnrnНо утринската порака покажува мал труд. Мал труд кој значи многу.rnrnУтринската порака едноставно е нечиј избор. Тоа е одлука. Утринската порака кажува „Јас те одбирам тебе“.rnrnПогледнете ги и овие прекрасни пораки што можете да ѝ ги испратите на саканата личност.