Зошто е добро да јадете црно чоколадо?
Црното чоколадо може да спречи многу смртоносни болести и да му биде од голема помош на мозокот. Тоа содржи флаванол кој го спречува и намалува воспалението кај ткивата.
Најновите истражувања покажале дека чоколадите кои содржат 70% какао го штитат мозокот и кардиоваскуларниот систем со тоа што го зголемуваат дотокот на крв и го намалуваат воспалението.
Темното чоколадо влијае превентивно на ракот, болестите на срцето, деменцијата, дијабетесот и депресијата. Покрај тоа ја подобрува функцијата на мозокот, го подобрува помнењето, го намалува стресот и има позитивно влијание на расположението.
Професорот Ли Берк од Универзитетот Лома Линда во Калифорнија им давал на испитаниците 48 грама црно чоколадо. Тој го нарекол чоколадото богато со какао суперхрана и изјавил дека колку е поголема концентрацијата на оваа состојка, толку влијанието е подобро.
Минатата година истражување од италијански научници открило дека чоколадото го зголемува дотокот на крв во клучните делови на мозокот.
За разлика од здравите десерти, млечното чоколадо е полно со масти, заситени масни киселини, холестерол и шеќер кои имаат штетно влијание на организмот. Се разбира, потребна е умереност во сè, па дневно доволно е да консумирате еден ред црно чоколадо.
Погледнете и уште неколку причини зошто секојдневно да јадете црно чоколадо.