Те сакам. Те сакам уште од денот кога дојде на оваа Земја. Ги сакам коските кои пеат во твоето тело, крвта која пее во твоите вени.
Ги сакам твоите сенки и твојата светлина. Го сакам начинот на кој заедно танцуваат на тајната песна која ја слушаш само ти.
Толку многу ги сакам твоите предности, ги сакам и твоите недостатоци бидејќи ѝ даваат контраст на твојата душа.
Длабочината и ширината на твоето срце е земја во која секогаш е пролет. Дури и кога е како најстудената зима, цвеќињата продолжуваат да ја покажуваат нивната грациозност.
Отворените порти на твоите емоции ги примаат сите кои лутаат кон нивниот праг, а твоите љубов и добрина се пламен кој гори и кој дава нов живот.
Те сакам за твојата сила, за твојата ранливост. Те сакам бидејќи и додека ги пишуваш овие зборови рониш солзи кои те чистат, кои те отвораат ден по ден без да се срамиш за тоа чистење, а сепак те делат на две секој ден.
Го сакам тоа што гледаш работи кои другите не ги гледаат. Го сакам тоа што понекогаш си слепа за омразата и мизеријата, тоа што одбираш да веруваш во доброто и во оние кои залутале во твојот домен.
Го сакам тоа што се знаеш од некој претходен период, некој живот во друго време. Го сакам тоа што ги чуваш овие сеќавања и ти се скапоцени како и оние од денес.
Го сакам тоа што се движиш како трска на есенски ветар и го сакам тоа што не ѝ дозволуваш на сезоната да те скрши, иако се обидува.
Драга душо, те сакам.
Прочитајте ги и љубовните писма на Фрида Кало кои ќе ви предизвикаат вистинска бура од емоции.

