Овој хороскопски знак не се плаши да ја каже бруталната вистина и живее според мотото „Сè или ништо“!

Овој хороскопски знак не се плаши да ја каже бруталната вистина и живее според мотото „Сè или ништо“!

Тој е искрен и отворен, и никогаш не се плаши да го искаже своето мислење, дури и во оние ситуации кога најверојатно е подобро да го задржи за себе. Можете да погодите за кој знак станува збор? Да, зборуваме за Овенот! Како првиот знак во зодијакот, Овенот најчесто најдобро се снаоѓа во улогата на лидер, па затоа и неретко се мачи ако има некој над него. Луѓето родени во овој знак се интелигентни и чувствителни, па затоа и брзо напредуваат во секое поле од животот.

Овните се отворени, комуникативни и директни и околината најчесто ги цени токму поради својата искреност. Не сакаат лаги, измами и психолошки игри, па затоа и со нив секогаш ќе знаете на што сте. Тие во друштвото го имаат последниот збор, но секогаш прво ќе ве ислушаат до крај. Главата на Овните е полна со идеи, па затоа и постојано започнуваат нови проекти, но често им недостасува трпение и упорност да ги спроведат до крај. Најдобри се кога треба да смислат интересна идеја, а нејзината реализција без никакво двоумење ја препуштаат на другите.

Обожаваат да држат сè под контрола, па затоа и ништо не им проаѓа низ прсти. Директно се движат кон целта, па тоа може да предизвика другите да ги доживуваат како малку непријатни соработници. Амбицијата и успехот ги мотивираат, а непрекинатата енергија ги движи кон напред. Сакаат да изградат добра кариера и да имаат добар социјален статус, па им се случува оваа цел да ја постигнат и преку соодветно избран брак. Со оглед на тоа што Овните обожаваат да трошат, тие мора да заработуваат многу за да живеат удобен живот.

Што се однесува до љубовта, имаат едноставен и чист пристап, а и тука се директни и брзи, па ако се заинтересирани за некого веднаш му кажуваат, за ако се одбиени, да можат веднаш да продолжат понатаму. Страсните Овни секогаш ја одбираат опцијата „Сè или ништо“, па не се задоволуваат со половични решение. Тие се отворени и директни, не се срамат да преземат иницијатива и целосно се препуштаат на личноста што ќе им возврати со иста мера.

Најдобро се согласуваат со другите огнени знаци, односно со Лавовите и Стрелците. Овие знаци се многу енергични и обожаваат нови искуства, па затоа и уживаат во заедничките активности и лудите авантури. Што се однесува до другите знаци, Вагите ги привлекуваат, Јарците им се премногу озбилни, а Раковите премногу чувствителни. Врската со Скорпиите изобилува со жестоки караници и бурни смирувања, додека пак, со Биковите можат да пронајдат среќа само ако ја стават под контрола тврдоглавоста. Близнаците и Водолиите им се идеални животни сопатници и лојални пријатели, додека пак, Рибите им се интересни, но со тек на време можат да им здодеат поради претераната емоционалност.

Дознајте и кои се најдобрите и најлошите карактеристики на Овните!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар