13 чудни настани кои се случуваат само во Финска

Сподели

На Финска ѝ се воодушевуваме поради многу нешта, почнувајќи од животниот стандард, образовниот систем и начинот на кој се спроведуваат општествените промени, па сè до прекрасната природа и климатските услови. Но, исто така во Финска се одржуваат 13 чудни и по малку смешни настани, натпревари, фестивали, традиции и други слични активност. Затоа, доколку се најдете во вистинскиот момент во Финска, можете да присуствувате на следните настани:rn

Реклама

1. Светски шампионат во носење жени на грб

rnВеќе 13 години, секое лето во градот Сонкајерви се одржува овој натпревар во кој мажите на грб ги носат своите девојки, сопруги или блиски пријателки и трчаат до целта.rn

2. Светски шампионат во фрлање мобилни телефони во далечина

rnОвој настан се одржува секој август во Савонлина, но не е јасно дали е поврзан со тоа што Финска е еден од најголемите производители на мобилни телефони, особено од брендот Нокиа.rn

3. Светско првенство во свирење на фиктивна гитара

rnНе е воопшто лесно да се влезе во натпреварувачкиот дел на овој настан што традиционално се организира во Оулу, но сигурно е многу забавно да се следи отстрана. Во 2006 дури е снимен и документарец за ова првенство.rn

4. Натпревар во убивање комарци

rnСо помош на пластична тепалка треба да се усмртат што повеќе комарци во рок од пет минути.rn

5. Натпревар во седнување врз мравјалници

rnДоброволците кои учествуваат во овој натпревар седнуваат врз мравјалник (што поголем, тоа подобро) и се обидуваат да останат подолго од своите противници. Се случува на повеќе локации во Финска.rn

6. Пливање во смрзнати води

rnОва организирано капење во смрзнатите води на езерата се случува на повеќе локации во Финска, но најпопуларни се оние настани во Хелсинки. Може да пливате и облечени и со костими за капење, но и целосно голи.rn

7. Светски куп во фудбал на снег

rnОна што го прави овој фудбал поинаков од оној кој сме навикнати да го гледаме на зелените терени, е што се игра на снег, а на нозете се носат дрвени мрежести подлоги кои се прицврстуваат за чизмите.rn

8. Светски шампионат за издржливост во финска сауна

rnУчесниците во овој шампионат се натпреваруваат кој подолго ќе издржи во финска сауна, каде што влажноста на воздухот е многу висока, а температурата изнесува околу 110 степени Целзиусови. Настанот се организира секој август во Хејнола.rn

9. Фестивали за сексот и поврзувањето

rnДвата се наменети за повозрасните посетители, но целата организација е многу професионална и едукативна. Фестивалот на сексот се случува во градот Кангасниеми, а фестивалот на поврзувањето во Курика. Сексуалноста во Финска не е табу-тема.rn

10. Светски куп во фудбал во бари и мочуришта

rnДефинитивно, уникатен вид фудбал кој бара висока физичка подготвеност и координација. Се одржува во градот Хиринсалми во северна Финска.rn

11. Првенство во разговори со кравите

rnВо Алапитка во јули се случува еден од најчудните настани – разговарање со кравите. Учесниците им се обраќаат љубезно на кравите на другите соучесници, употребувајќи ги нивните имиња.rn

12. Првенство во зборување фински дијалекти

rnВо градот Куопио секоја година се организира овој натпревар. Особено е интересен за странци кои го учат финскиот јазик и се обидуваат да разберат, но ништо поинаку не е ни со натпреварувачите, особено ако доаѓаат од различни краеви на државата.rn

13. Натпревар во фрлање столчиња на кои се седи кога се молзат крави

rnОвој настан е чест во финските рурални средини, а доколку се најдете во некое село, внимавајте да не летне кон вас некое вакво столче.

Погледнете ги и овие прекрасни фотографии од поларна светлина во Финска.

Популарно

Може ќе ве интересира