КАФЕ ПАУЗА

10 работи кои никој не ви ги кажува за вашата прва бременост

10 работи кои никој не ви ги кажува за вашата прва бременост

Written by

in

,

Бременоста може да предизвика многу грижи. Ќе се прашувате дали навистина сте подготвени, дали доволно добро се грижите за себе, дали стресот премногу му влијае на бебето, па дури и ќе се плашите да не му се случи нешто. Ова се 10-те работи со кои ќе се соочите во текот на првата бременост, а важно е да знаете дека тие се сосема нормални.rnrn10 работи кои никој не ви ги кажува за вашата прва бременостrn

1. 10 месеци е долг период

rnБез разлика на вашите приходи, врската или градот во кој живеете, 10 месеци се доволно да создадете барем некаков план. Исто така, ова е доволно време да го промените првичниот план дури неколку пати. Ова е навистина долг период, а следното поглавје, родителството, е вечно. Па, имате доволно време да го направите она што го сакате.rn

2. Во ред е да бидете исплашени

rnЗа повеќето жени првото тримесечје е најстресно и многумина не ги споделуваат убавите вести веднаш. Сепак, кога ќе помине ова сосема нормално е да ви е страв од самото породување. Најтешкиот дел е сè уште пред вас.rn

3. Никој не е посреќен за вас од вашите родители

rnИако во текот на бременоста ќе добивате честитки од многумина, па дури и од странци, никој не е посреќен за добрите вести од вашите родители. Родителите сакаат кога нивните деца се венчаваат, го добиваат работното место од соништата, а уште посреќни се кога и тие самите стануваат родители. Покрај тоа, тие се искусни и можат да ви понудат безброј совети. Ако немаат одговор за секое ваше прашање, барем ќе можат да ви дадат утеха.rn

4. Секој се плаши од бремени жени

rnОва значи вашиот јога инструктор, келнер, поштар, а понекогаш и вашиот лекар. Често ќе добивате прашања дали сте посетиле лекар, дали навистина сте бремени и дали можете да направите нешто поради вашата состојба.rn

5. И вашиот партнер е бремен

rnАко сте доволно среќни да бидете во добра врска, и вашиот партнер е бремен. Можеби ги нема физичките симптоми како вас, но целото искуство е реално и за него. Кога е возможно би требало да учествува во секој дел од бременост како одење на лекар, уредување на детската соба и одбирање име. Ако немате партнер, најдете пријател, член од семејството, па дури и некој лекар кој ќе ве поддржува во текот на патувањето.rn

6. Не очекувајте другите да знаат и да препознаваат дека сте бремени

rnНа луѓето им е страв да не ве навредат. Нормално е некои од најблиските веднаш да ја забележат разликата и да прокоментираат, но не го очекувајте тоа и од другите.rn

7. Социјализирањето за време на бременоста може да биде чудно

rnНекои сакаат да се пофалат, но на некои може да им биде проблем да ја споделуваат својата бременост со другите. Се разбира, кажете кога не сакате да споделувате премногу информации, повеќето луѓе би ве разбрале.rn

8. Нема потреба да забавите

rnВо еден период ќе треба да паузирате од некои активности, како останување до доцна или напорна физичка работа. Слушајте го вашето тело и одморете. Вие носите нов живот, па тоа е сосема доволно за еден ден.rn

9. Луѓето ќе чувствуваат потреба да ви пријдат

rnМожно е често да сретнете странци кои ќе сакаат да го допрат вашиот стомак и да ви поставуваат секакви прашања. Можно е да добиете и многу совети за што треба, а што не треба да правите. Се разбира, секогаш можете да им кажете на овие луѓе дека не сте заинтересирани за разговор.rn

10. Најважното – родителството е сè уште пред вас

rnЌе сфатите дека и покрај сите работи кои сте ги научиле во бременоста, сè уште има уште многу што не знаете. Ќе читате книги, ќе гледате видеа и ќе апсорбирате сè околу вас, но ништо нема да ве подготви за предизвиците кои ве чекаат.rnrnПрочитајте и кои се промените кои ги шокираат жените за време на бременоста.