Цитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од животот
Чарлс Дикенс е еден од оние класични писатели чии книги најверојатно сте ги читале додека сте оделе на училиште, како што се „Оливер Твист“ или „Големите очекувања“. По нивното читање, постојат големи шанси дека сте ги заборавиле. Но, ќе бидете изненадени кога ќе сфатите дека неговите цитати можат да послужат како вистинска мотивација. Неговите зборови се толку мудри што можат да се применуваат и ден денес. Во денешно време, животот на луѓето е исполнет со многу проблеми и стрес, па затоа честопати забораваме како вистински да уживаме. Прочитајте ги следниве цитати од Чарлс Дикенс кои ќе ве потсетат на најважните работи во животот: љубовта, смеата и добрата смисла за хумор…
Смејте се
„Нема ништо толку заразно во светот колку смеата и добриот хумор.“
Секогаш бидете тука за луѓето кои ги сакате
„Никогаш не ги затворајте усните за оние на кои веќе сте им го отвориле срцето.“
Лошите моменти во животот служат за да ве направат посилни
„Страдањето е најсилниот учител и тоа ме научи да разбирам какво ми било срцето. Сум бил превиткуван и кршен, но се надевам дека на крајот сум излегол во подобра форма од сето тоа.“
Имајте нежно срце и нежен допир
„Имајте срце кое никогаш не скаменува, темперамент кој никогаш не се уморува и допир кој никогаш не повредува.“
Не срамете се да бидете чувствителни
„Небото знае дека никогаш не треба да се срамиме од нашите солзи, бидејќи тие се дождот кој паѓа врз заслепувачката прашина од земјата која ги покрива нашите тврди срца. Се чувствував подобро кога плачев. Бев посочувствителен, посвесен за мојата неблагодарност и понежен.“
Бидете благодарни за тоа што го имате во сегашноста
„Размислувајте за работите што ги имате моментално, а сите ги имаме во изобилие. Не размислувајте за несреќите од минатото, кои сите сме ги доживеале.“
Љубовта и вистината ќе победат на крајот
„Се надевам дека вистинската љубов и вистина се посилни од сето зло и сите несреќи на светот.“
Посветете му се на животот
„За сето тоа што сум се обидел да го направам во животот, сум давал сѐ од себе за да го направам како што треба. Работите на коишто се посветувам, се посветувам целосно. Истото важи и за големите и за малите цели.“
Бидете мудри кога се работи за љубовта и животот
„Има мудрост на разумот и мудрост на срцето.“
Секогаш отворајте го вашето срце за љубовта
„Срцето што љуби крие најголема мудрост.“
Заштитете ги добрите луѓе во вашиот живот
„Толку многу размислувам за топлите и чувствителни срца што би направил сѐ за да ги поштедам од болка.“
Ваше семејство се луѓето за кои би направиле сѐ
„Семејството не мора да се состои само од оние со кои сме крвно поврзани, може да се состои и од оние на кои би им ја дале нашата крв.“
Сите имаме добри и лоши страни
„Мора да бидам прифатен таков каков што сум направен. Успехот не е мој, неуспехот не е мој, но и двете ме прават тоа што сум.“
Секогаш бидете среќни
„Среќата е подарок и трикот лежи во тоа да не ја очекувате, туку да ѝ се радувате кога ќе се појави.“
Бидете слободни
„Барам само да бидам слободен, пеперутките се слободни.“
Среќата е тоа што ве прави прекрасни
„Радоста и задоволството најмногу разубавуваат и тие се најпознатите заштитници на добриот изглед.“
Создавате прекрасна поезија со вашиот живот
„Поезијата му го прави на животот она што светлата и музиката ѝ го прават на сцената.“
Бидете доследни во она што го правите
„Доследноста во љубовта е добра работа, но не значи ништо, доколку не сте доследни во сѐ што правите.“
Бидете внимателни со вашата добрина и мудрост
„Правете го и тоа што е мудро и тоа што е добро, извлекувајте го најдоброто од луѓето, а не најлошото.“
Љубовта можеби е слепа, но не ја земајте здраво за готово
„Љубовта иако е слепа, таа е внимателен набљудувач.“
Не го потценувајте дружењето со стари пријатели
„Болката предизвикана од разделбата не е ништо во споредба со радоста предизвикана од повторната средба.“
Љубовта го врти светот
„Љубовта е она што го врти светот!“
Правете добро за другите и ќе правите добро и за себе
„Ден потрошен на други луѓе никогаш не е залудно потрошен.“
Не живејте во тага
„Тагувањето никогаш не ги излечило скршените коски.“
Доколку сте вљубеници во литературата, сигурно ќе ви се допаднат и следниве цинични цитати од Семјуел Бекет.