ТВ серија: Разделувајќи се заедно (Splitting Up Together)

Сподели

Приказна за пар чиј брак се разгорува по нивниот развод

rnГлавни улоги: Џена Фишер, Оливер Хадсон, Оливија Кевил

Реклама

Креатор: Емили Капнек

Жанр: комедија

Премиера: 21 март 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 20 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: [ratings]

 

https://www.youtube.com/watch?v=BY5GTen28jw

Кога станува збор за опуштање на мозокот по долгиот работен ден, нема ништо подобро од гледање 20-минутна комедија. Уште подобро ако можеме и да научиме нешто од таа приказна. Оваа ТВ серија е токму таква! Приказната го следи животот на брачен пар со 3 деца што се бореле со нивната врска во последните 2 години и потоа решиле да се разведат. Но, бидејќи немале доволно пари за одржување на куќата или пак, за преселување на две нови локации, тие решиле да продолжат да живеат заедно така што ќе се менуваат на 7 дена – една недела едниот од нив ќе живее со децата во куќата, па потоа другиот. Оној чија недела е слободна, ќе престојува во гаражата.

Иако изгледа како добар план, со кој дури и децата се согласуваат, сепак времето што ќе го поминуваат одвоено ќе ги натера Лина (Џена Фишер) и Мартин (Оливер Хадсон) на преиспитување. Тие ќе почнат да се запрашуваат како биле толку заљубени и среќни пред 12 години и кога сè тоа исчезнало. Тие исто така и ќе почнат да сфаќаат некои работи во однос на нивното однесување што ќе ги доближи повеќе од кога било порано. Токму преку овие размислувања и откривања, покрај тоа што ќе се смееме до солзи, ние исто така можеме и многу да научиме за нештата што се потребни за еден брак да успее. Па, ако сте расположени за 20-минутна забава со вредни лекции за љубовта, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса на оваа ТВ серија.

Популарно

Може ќе ве интересира