10 факти за грдата страна на модната индустрија
Секој кога ќе види модел онлајн, во весник или на некој билборд чувствува завист. Во нашето општество сметаме дека убавината е како карта за среќа. Таа стана најпосакуваната особина до тој степен што многу луѓе трошат голема сума пари за да го постигнат посакуваниот изглед. Речиси никому не му е жал за моделите и сите веруваат дека најлошото нешто што може да им се случи се нарушувања со исхраната. Но, вистинската приказна е многу пострашна.
1. Малолетници без надзор
Многу често моделите ја започнуваат својата кариера на 13-годишна возраст. Зад сцената на модните ревии моделите се соблекуваат пред стилисти, дизајнери, фотографи и новинари. Не им е дозволено да имаат приватност или да бидат скромни. Ова значи дека малолетниците се секојдневно изложени пред очите на сите. Одделот на Њујорк за работа не ги заштитуваше правата на децата модели сè до 2013-та година по серија случаи со сексуално злоупотребување во индустријата. Дури и после промените, потребна била само дозвола за работа и задолжителни паузи на секои 4 часа. Сепак, ова не го решава проблемот со експлоатацијата на млади девојки.
2. Сиромаштија и долгови
Многумина си замислуваат дека животот на моделите е полн со патувања и луксузни домови. Во реалноста само мал број модели стигнуваат до таа фаза во нивната кариера. Кога се нови во бизнисот, моделите живеат во мали апартмани, кои се во сопственост на агенциите, за да одат на аудиции. Обично се 4 до 6 луѓе кои спијат во едно студио или апартман со една соба. За да биде уште полошо, често плаќаат 5 пати повисока кирија. Моделите добиваат плата дури откако ќе ги подмират долговите за патување и кирија кои им ги покривала агенцијата. Многу млади модели сфаќаат дека не сакаат да го живеат тој живот и завршуваат должни на агенцијата. Ако сакаат да продолжат, можат да позајмат пари од агенцијата која ќе им ги наплати со интерес од идните заработувања. Дури и ако моделите успеат да излезат од долгот, нивната плата во просек е 39.000 евра годишно.
3. Работење за размена и изложување
Бидејќи социјалните медиуми се многу прославени, денес не е доволно да имате само одлични фотографии пред аудиција. Многу надежни модели се рекламираат и на Инстаграм. Често собираат многу следбеници пред платата да стане дел од нивната кариера. Познатиот супер модел Карли Клос објаснила како се одвивал развојот на нејзината кариера и имала среќа што ја поддржувало нејзиното семејство. Како тинејџер таа работела за бесплатна облека. Во некои случаи, ако моделот работи со дизајнер кој ќе стане многу познат, ова навистина се исплати. Денешната колекција на Клос вреди илјадници евра. За жал, малкумина ја имаат финансиската поддршка од своето семејство и ќе мора сами да се справуваат со долговите.
4. Сексуална злоупотреба
Еден од најголемите скандали во модната индустрија беше откривањето на Дов Чарни, основачот на American Apparel кој сексуално ги вознемирувал неговите модели и жените вработени кај него. Тој сè уште тврди дека тоа однесување е нормално во модната индустрија. И покрај тоа што многу модели се премногу млади, тие стануваат секс објекти во очите на луѓето со коишто работат. Овие девојки обично се многу високи, носат шминка и изгледаат многу постаро. Речиси секој модел има приказна со сексуална злоупотреба. Овој проблем бил премногу за 20-годишниот модел од Русија, Руслана Коршунава која изврши самоубиство.
5. Задолжителни операции
Во Јужна Кореја операцијата на очните капаци е задолжителна за славните личности и за моделите. Девојчињата учат за пластичните операции уште во основно училиште, па нормално е луѓето да ги менуваат лицата со кои се родени. Дури и ако не се модели, операциите се толку чести што нормалните работодавци од Кореја очекуваат вработените да бидат „доволно убави“ ако сакаат да работат. Сигурно ви се познати сестрите Кардашијан. Две од нив имаат направено пластични операции, а многу млади девојки ги гледаат како идоли.
Продолжува на следната страница…