Ако имате над 20 години, треба редовно да користите сквалано масло!

Ако имате над 20 години, треба редовно да користите сквалано масло!

Помина времето кога единствената можност за подмладување на кожата ни доаѓаше во форма на инјекции. Кога станува збор за одржување на лицето, денес постојат илјадници креми и серуми што се вистински фонтани на младоста, но како да го пронајдете тоа што е најдобро за вас? Ние откривме вистинско чудо, што може да биде вашиот одговор на ова прашање – дозволете ни да ве запознаеме со еден мал продукт познат како сквалано масло!

ako-imate-nad-20-godini-treba-redovno-da-koristite-skvalano-maslo

Скваланото масло (со „а“) е природен биопродукт од скваленото масло (со „е“), што веќе се произведува во нашето тело. Скваланот скоро секогаш се одбива од растенија, како маслинки, ориз и шеќерна трска, но тоа што го издвојува од останатите е фактот што нема да ги затвори вашите пори. Тоа толку брзо се впива што нема да забележите никаква трага од него, секунди по нанесувањето.

Станува збор за магичен продукт што помага при предвременото стареење, а можете да го користите во истиот момент штом наполните 20 години бидејќи токму тогаш почнува да се намалува и нашата природна продукција на скваленот. Ова масло исто така е и одлично за навлажнување на кожата, како и за борба против одредени состојби како егземот. Тоа исто така помага и при заштита од нечистотиите од околината и слободните радикали, притоа намалувајќи ја хиперпигментацијата и знаците на стареење.

Како да го користите?

За да ја одржувате кожата младолика, сè што треба е да го нанесете на лицето во комбинација со вашата дневна крема. Доволни ви се само неколку капки наутро и неколку капки навечер за да ги искусите неверојатните придобивки на овој производ.

Од друга страна пак, тој е одличен и за зацелување на кршливата коса. Исто како и со кожата, ако го користите на косата тој ќе ви помогне да ја одржувате нејзината мекост. Доволно е да ставите неколку капки на вашите дланки и потоа да поминете по краевите на косата.

За крај, ова масло може да ви помогне и со сувите кутикули. Тоа брзо се апсорбира, па кожата околу ноктите скоро инстантно ќе ви стане помека. Доволно е да капнете по една капка на основата од секој нокот и да ги измасирате кутикулите.

Прочитајте и за овие одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар