Самите се уверуваме себеси дека животот ќе ни биде подобар кога ќе се венчаме, кога ќе родиме бебе, а потоа и второ бебе. Потоа се фрустрираме поради тоа што децата не се доволно големи и си велиме дека ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат. Потоа се фрустрираме затоа што си имаме работи со „пубертетлии“. Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе излезат од таа фаза.rnrn
rnrnСи велиме дека животот ќе ни биде исполнет кога на нашиот сопруг ќе му дојде памет, кога ќе купиме нов автомобил, кога ќе одиме на патување или ќе се пензионираме. Вистината е дека не постои подобар момент за да бидете среќни од овој што сега го доживувате.rnrnЖивотот секогаш ќе биде полн со проблеми. Најдобро е да си го признаете тоа и да одлучите дека ќе бидете среќни без оглед на сѐ. Среќата е вистинскиот пат. Чувајте го секој момент што го имате и споделувајте го со посебни луѓе на кои вреди да им посветите време и внимание. Запомнете дека времето не чека никого.rnrnЗатоа престанете да чекатеrnrnда го исплатите автомобилот,rnrnда купите нова куќа,rnrnда си одат децата од дома,rnrnда продолжите со студиите,rnrnда изгубите 10 килограми,rnrnда качите 10 килограми,rnrnда стапите во брак,rnrnда се разведете,rnrnда имате деца,rnrnда се пензионирате,rnrnда дојде лето,rnrnда дојде пролет,rnrnда дојде зима,rnrnда дојде есен,rnrnда умрете.rnrnНема подобар момент за среќа од овој сега. Среќата е пат, а не цел. Не заборавајте да работите како да не ви требаат пари, да сакате како никогаш да не сте биле повредени и да танцувате како никој да не ве гледа!rnrnДоколку не можете да најдете причина за среќа, прочитајте ги следниве 9 причини зошто треба да бидете среќни во овој момент.
Работете како да не ви требаат пари и сакајте како никогаш да не сте биле повредени!
