Камерон Блек е најпознатиот светски илузионист. Но, откако неговата репутација ќе биде уништена, тој ќе почне да работи со полицијата на низа специфични случаи
rn
Главни улоги: Џек Катмор-Скот, Лајла Робинс, Роберт Рид Марфи, Илфенеш ХадераrnrnКреатор: Крис ФедакrnrnЖанр: драмаrnrnПремиера: 11 март 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ZjCu-Q-BZtIrnrnДа, на прв поглед оваа ТВ серија изгледа како класична криминална драма со надворешен соработник што повремено им помага на детективите со покомплицираните случаи, но доволно е да ја пуштите првата епизода за веднаш да ја забележите уникатната магија! Во оваа приказна, детективите добиваат специјален соработник за нивните случаи, чие занимање е во светот на магијата. Станува збор за збор за илузионистот Камерон Блек (Џек Катмор-Скот).rnrn
rnrnТој можеби никогаш не би ни помислил да работи со полицијата, но по сплет на околности, откако неговата најголема тајна ќе биде разоткриена и репутацијата целосно уништена, нема да има друг избор. Камерон е убеден дека некој мистериозен илузионист работи против него, како и дека истиот илузионист си игра и со полицијата. Тој ќе успее да ги убеди и детективите во истото, па ќе ги здружи своите сили со полицијата.rnrn
rnrnИзмама е многу лесна серија, одлична за одморање на мозокот во попладневните часови од денот. Таа исто така изобилува со многу илузија и трикови, нешто што навистина ќе им се допадне на љубителите на магијата. Од друга страна пак, главниот актер, Џек Катмор-Скот, е како создаден за својата улога, па покрај тоа што ќе уживате во самата приказна, ќе обожавате да ги гледате и неговите интересни перформанси зад малите екрани.rnrn
