КАФЕ ПАУЗА

Што да правите кога ќе почувствувате интензивна поврзаност со некого?

Што да правите кога ќе почувствувате интензивна поврзаност со некого?

Во текот на нашите животи може да сретнеме многу луѓе со кои веднаш се поврзуваме. Се вљубуваме прилично лесно како резултат на некои хормонални промени. Некогаш тоа е вистинска бајка, но понекогаш е само страст.rnrnШто да правите кога ќе почувствувате интензивна поврзаност со некого?rnrnСепак, да најдете некој посебен и да започнете сериозна врска во којашто има и физичка и емоционална поврзаност е нешто навистина ретко и уникатно. Го имате секое право да го следите вашиот инстинкт и да правите што сакате, но не постои поголема награда од зрелата посветена врска.rn

Дали ние сме одговорни за нашите животи?

rnДали сте научиле да се сакате? Дали сте подготвени да се соочите со вашата темна страна? Дали се грижите за себе и се чувствувате среќно? Дали сте продуктивни и креативни? Дали се почитувате? Дали сте во положба во животот што ве прави горди на себе?rnrnДосега веројатно сте сфатиле дека не сте жртва на вашиот живот, туку актер кој знае како да се справи со секоја улога што ќе му ја доделат. Ако не сакате некои работи во животот, време е за промена. Не сте жртва, вие само глумите така.rnrnПрифатете ја божествената енергија и дозволете ѝ да ве води. Отстранете ги сите нешта што ве кочат и не ви даваат радост. Преземете одговорност и направете ги потребните промени кои ќе ви помогнат да го постигнете она што го сакате.rnrnВие сте сценаристот и режисерот на вашиот живот. Вашето минато може да има многу лузни и неуспеси поради депресија, болести и други пречки. Но сега сте во положба во којашто можете да почнете со размислување. Овие настани ве оформиле како личност и ве научиле да сакате и да бидете искрени. Ве натерале да ја цените убавината на вистинската љубов. Сега сте ментално подготвени да започнете врска со некој посебен што ве разбира и што ве сака онакви какви што сте.rn

Врските што траат ги имаат овие карактеристики:

rn

    rn011

  • И двајцата имате минато, историја, корен што е многу сличен. Сте искусиле слични работи кои ви помагаат да се поврзете.
  • rn011

  • И двајцата имате слични вредности. Вашиот систем на верување е ист.
  • rn011

  • Вашата врска е силна и убава бидејќи започнала со прекрасно пријателство кое резултирало со разбирање и меѓусебна почит.
  • rn011

  • Си дозволувате да бидете ранливи пред вашиот партнер бидејќи му верувате и се чувствувате безбедно со него.
  • rn

rnОбидете се да направите листа со нештата кои навистина сте ги сакале во минатите врски. Потоа направете уште една листа со нештата од минатите врски кои не сакате да се повторат. Сега замислете си некој што ги има сите особини што ги запишавте.rn

    rn011

  • Замислете бивш партнер што ве повредил и ги има карактеристиките кои не ги сакате. Кога ќе сретнете некој нов ќе знаете што не сакате и ќе можете да се заштитите.
  • rn011

  • Прифатете го предупредувањето и брзо повлечете се. Не сакате повторно да минувате низ пекол. Запомнете колку било болно. Ако се сакате, нема повторно да си го правите истото.
  • rn011

  • На луѓето им се допаѓаат личности кои личат на нивните партнери. Ова може да биде добро или лошо во зависност од врската.
  • rn

rnВажното прашање е дали ќе можете да бидете со таа личност повеќе од 1 година и уште да чувствувате „пеперутки“ во стомакот. Дали секојдневно сте возбудени кога ќе ѝ го видите лицето? Дали врската е здрава и во развој? Дали уште има нешто возбудливо и ново кон коешто можете да гледате?rnrnДали оваа личност ве разбира кога сте гневни, иритирани и слично? Дали ве сака онакви какви што сте?rnrnКонструктивното соочување во врската е многу потребно и корисно. Клучно за здравата врска е комуникацијата помеѓу вас, слушањето на двете страни и гледање од друга перспектива. Ова ќе ви помогне да ја развиете врската во нешто здраво, убаво и инспиративно.rnrnЗапомнете дека душата е поважна од егото. Кога чувствувате интензивна и силна врска со друга душа, ќе почувствувате промена на вашиот поглед кон животот и ќе се подобрите како личност.rnrnСепак, понекогаш напнатоста во врските е потребна. Луѓето сакаат да си ги прават врските позабавни. Ова може да биде во форма на страсна, интелектуална или емоционална енергија. На крај од краиштата, најважно е да бидете искрени и лојални еден кон друг. Бидете искрени кон себе и кон партнерот и прифатете ги вашите идеи. Создадете зона во која и двајцата ќе можете да бидете личностите коишто сте. Сето ова ќе ви помогне вашата романтична авантура да остане исполнета со радост и заедничко разбирање.rnrnПрочитајте и како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.