Најновите истражување покажуваат постоење на црна дупка која ви овозможува да живеете безброј иднини

Најновите истражување покажуваат постоење на црна дупка која ви овозможува да живеете безброј иднини

Според повеќето астрофизичари, штом ќе влезете во црна дупка, вашиот живот завршува. Гравитацијата со брзина на светлината ќе ве повлече кон сингуларноста – еднодимензионален бескрајно мал простор кој има огромна маса.

Според истражувања постои црна дупка која ви овозможува да живеете безброј иднини

Сепак, едно ново истражување од Универзитетот Беркли покажува дека не само што луѓето можат да го преживеат влегувањето во црна дупка, туку и дека на тој начин ќе го избришат своето минато, а ова им отвора можност за „безброј иднини“.

Физичарот Питер Хинц смета дека ако човек заврши во црна дупка, можеби би можел да ги победи природните закони на физиката и да преживее. Како?

Според законите на физиката, масата на уништена ѕвезда е притисната во бескрајно мала точка – сингуларност. Обидувајќи се да најдат смисла од судирот помеѓу правилата на универзумот и беззаконието на црните дупки, физичарите создале теоретски термин наречен космичка цензура.

Според оваа теорија постои граница во црните дупки после која сите правила на универзумот повеќе не важат. Оваа граница би се наоѓала подлабоко од хоризонтот на настани, границата околу црна дупка од која не може да избега ниту светлина, ниту радијација.

Хинц и неговите истражувачи проучуваат хипотетички наелектризирани црни дупки и ја применуваат теоријата на космичка цензура на нив. Хинц смета дека овие хоризонти и сингуларноста може да коегзистираат.

Како што се шири нашиот универзум, црната дупка има внатрешен притисок кој ѝ дава отпор на гравитацијата. Истовременото постоење на овие две ефекти може да создаде зона после хоризонтот на настани каде што предметите би ја изгубиле врската со минатото и би немале некоја одредена иднина.

Ова значи дека ако преживеете, вашето минато би било избришано и би живееле безброј иднини. Како би изгледало ова е нешто што сè уште не можеме ни да си го претставиме.

Погледнете и кои се најголемите ѕвездени мистерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар