10 приказни за училишта со духови кои стигнале до медиумите
Одењето на училиште е нешто што повеќето деца сакаат да го избегнат. Често часовите им се здодевни, а задолжителната физичка активност ги прави навистина мизерни. Но, некои ученици и наставници се навистина среќни бидејќи ништо злобно не ги чека во училишните ходници. Нема студени места или необјасниво движење на воздухот предизвикано од некои натприродни појави. Учениците и наставниците од оваа листа не се толку среќни. Покрај домашните и тешките предмети, тие треба да се справуваат и со натприродното.
1. Средното училиште „Ли Вилијамс“
Во 2013-та година, директорот на ова средно училиште во Аризона, за медиумите раскажал неколку приказни за духови кои кружеле низ училиштето. Многу луѓе од градот верувале дека училишниот двор е опседнат и забележувале духови од жени во облека од преријата и дотерани мажи. Покрај прекинувањето на светилките, звуците од чекори и вклучувањето на алармите, забележан бил и маж со долго палто кој шетал низ ходниците, како и девојче кое викало дека сака да си игра надвор.
Училиштето делумно е сместено на стари гробишта. Во 2013-та година поради изградбата на нова училишна зграда, биле откриени 11 гробови, 7 ковчези и неколку артефакти. Скептиците сметаат дека сето ова е резултат на бујна фантазија, но чуварот на училиштето тврдел дека приказните се вистинити. Тој изјавил дека слушал чекори кои влегуваат во тоалетите навечер кога немало никој, како и гласови кои доаѓале од некои училници.
2. Основното училиште „Софи Б. Рајт“
Во 1912-та година ова училиште било првото во Њу Орлеанс само за девојки. Со тек на времето се претворило во основно. Кога ураганот Катарина го погодил местото, наставниците и учениците биле евакуирани, а зградата се користела како живеалиште за чуварите. Сред целиот хаос, се појавиле и духови.
Полковникот Робин Харистон изјавил дека забележал девојче. Специјалистот Розалес Леанор забележал сенка на млада жена од женскиот тоалет. Друг човек видел дух на девојче кое му се смеело кога отворил еден шкаф. Бројните приказни за паранормални видувања во тој период резултирале со чистење на зградата. По ова, забележувањата на духови се намалиле.
3. Основното училиште „Џулија Ф. Калахан“
Во 1952-ра година, Џулија Ф. Калахан, основач на училиштето во Масачусетс умрела. Наставниците и учениците наскоро сфатиле дека таа никогаш не го напуштила училиштето. Од чудни викања во ходниците, до чудни звуци на таванот, присуството на Џулија им било познато на сите. Учениците изјавиле дека вратите во библиотеката биле трескани, а други тврделе дека виделе како нејзиниот дух влегува во училиштето.
Во 2008-ма година ученичката Рејчел Фелис изјавила дека кога таа и нејзината пријателка биле во тоалетот слушнале чекори. Постојат разни приказни за тоа како умрела Џулија. Некои тврдат дека врз неа паднала полица за книги, други дека имала инфаркт во канцеларијата, а постои верување и дека паднала од училишната зграда. Директорот не сакал да коментира за приказните, но изјавил дека духот на Џулија најверојатно ги надгледува учениците.
4. Западно средно училиште
Дури и најскептичниот наставник морал да признае дека нешто чудно се случувало во средното училиште во Алјаска по неколку приказни. Дамата во бело била забележана зад училишната сцена, но и како стоела мирно помеѓу седиштата во голема просторија. Наводно понекогаш трчала низ ходниците и се криела во подрумот.
Еден ученик забележал девојче кое ја отворило вратата зад сцената за време на една проба и тргнал да ѝ рече да престане. Само што стигнал до неа, девојчето исчезнало. Друг дух кој веројатно не сака да го напушти училиштето е оној на чистач што умрел многу одамна. Луѓето забележувале човек кој ги чистел подовите, а други изјавиле дека слушале чекори во празните ходници.
5. Основното училиште „Мготјан“
Една наставничка од ова училиште во Шведска во 2013-та година одбила да се врати на работа бидејќи била нападната од зли духови. Друг наставник ја напуштил својата соба во училиштето бидејќи не се чувствувал безбедно. Тулани Дламини изјавил дека слушнал како еден колега вика дека 4-ца мажи се обиделе да го задават. Кратко потоа мажите влегле во собата на Дламини и кога сфатиле дека не можат да го задават, му го притиснале лицето на креветот за да го згушат.
И учениците имаат нивни ужасни искуства. Три девојчиња отишле во тоалетот и се исплашиле кога слушнале глас кој викал од тоалетната школка. Гласот станувал сè погласен, па девојчињата се исплашиле и избегале. Родителите и некои други наставници се скептични и сметаат дека девојчињата би требало да престанат да измислуваат.
Продолжува на следната страница…