Дури и најсилните девојки попуштаат под голем притисок

Дури и најсилните девојки попуштаат под голем притисок

Дури и најсилните девојки се откажуваат. Ја достигнуваат онаа точка на вриење кога не можат да издржат и им треба помош. Ја достигнуваат онаа точка кога животот им станува премногу напорен и им треба засолниште за да се скријат и да се изолираат од сите обврски, притисоци и нереалистични очекувања.

Дури и најсилните девојки попуштаат под голем притисок

Дури и најсилните девојки се распаѓаат. Пролеваат солзи затоа што ги потиснувале сите емоции долго време и се преправале дека сѐ е во ред. Се обидувале да ги задржат солзите за да можат да остават впечаток на силни жени. За да можат да ги излажат сите околу нив со нивните насмевки. За да можат да се вклопат.

Дури и на најсилните девојки им се смачува од таа етикета. Им се смачува од тоа да слушаат дека се доволно силни за да ги надминат сите предизвици и да успеат. Им се смачува да слушаат дека се доволно силни за да си заминат, да продолжат понатаму и да чекаат да се појави човекот кој ги заслужува. Им се смачува од тоа да ја оправдуваат нивната етикета, да бидат независни, да ги одржуваат своите стандарди и да запаѓаат во неволји поради тоа што си го кажуваат мислењето. Што ако не се толку силни колку што мислат другите? Што ако биле силни, но сега ја искористиле сета своја сила и не им останало ништо?

Дури и најсилните девојки се чувствуваат осамено. Наутро кога нема кој да ги праша како се. Во салата за вежбање кога нема кој да им помогне со кревањето тегови. Во продавница кога им треба помош. Кога излегуваат и се чувствуваат како да нема кој да ги заштити и се враќаат дома во празен кревет, обидувајќи се да ги замолчат гласовите во нивната глава и да спијат мирно.

Дури и најсилните девојки ја достигнуваат онаа точка кога не можат да одат напред. Направиле сѐ што можеле. Работеле на себе. Ги развиле сите алатки што им биле потребни за да успеат и да се развијат, но сепак сѐ уште недостасува нешто. Имаат празнина што не можат да ја пополнат. Ја достигнуваат онаа точка кога животот им станува монотон и здодевен. Се чувствуваат заглавено, бидејќи имаат буквално сѐ што им треба за да одат напред, но чувствуваат преголем товар. Притисокот ги згмечува. Нивната сила овенува.

Дури и најсилните девојки попуштаат по голем притисок и не знаат како да застанат на нозе. Но, порано или подоцна ќе успеат да го сторат тоа. Секогаш успеваат.

Прочитајте и зошто силните девојки длабоко во себе се чувствуваат многу скршено.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар