Ако сте имале напорна работна недела, тогаш време е да направите вистинска пауза и да си ги наполните батериите. Дури и ако мислите дека два дена нема да сменат ништо, дајте си шанса да се обидете. Верувајте ни, ќе ни бидете многу благодарни во понеделник!
rn
1. Петочно размазување
rnЕдинственото нешто што ќе ви биде потребно вечерва е топла бања, книга или филм и чоколаден пијалак.rn
2. Удобна облека
rnВо текот на следните два дена, носете го само тоа што ви е удобно (или едноставно не носете ништо и уживајте во своето голо тело!), без разлика дали ќе бидете дома или ќе излезете некаде.rn
3. Немојте да гледате телевизија
rnОвој викенд прескокнете го бесцелното седење пред телевизор и вистински одморете го вашиот ум. Одете на прошетка, седете на тераса или во двор, гответе, правете нешто креативно…rn
4. Разбудете се без аларм
rnСпијте додека вашето тело само не ве разбуди! И откако ќе ги отворите очите, поминете барем уште саат време во удобната, мека и топла постела, без да гледате во електронски уреди.
rn
5. Вежбајте
rnАко вежбате активно, не го прекинувајте редовниот тренинг. Ако немате таква навика, тогаш излезете од дома и трчајте или планинарете. На овој начин значително ќе си го подобрите здравјето, и ќе се наполните со многу позитивна енергија.rn
6. Поминете време со најблиските
rnАко сакате навистина да си ги наполните батериите и да впиете што е можно повеќе позитивна енергија во себе, тогаш најдобриот начин да го направите тоа е дружба со најблиските. Овој викенд одвојте време и за семејството, пријателите, како и за домашните миленичиња кои се голем дел од вашиот живот.rn
7. Слушајте музика
rnИ танцувајте како никој да не ве гледа! Нема подобар начин на опуштање од омилената музика. Особено ако периодов сте биле толку зафатени, што не сте имале можност да ја чуете ни најновата песна од омилениот бенд.rn
8. Влезете во автомобилот и одете на излет
rnСпакувајте еден оброк заедно со шише вода, влезете во автомобилот и возете сè додека не најдете прекрасен природен пејзаж. Не ја одредувајте целта однапред, уживајте во авантурата и потоа одморете под отворено небо на новооткриената локација.

