Постојат 4 типа интроверти: Во која група спаѓате вие?

Постојат 4 типа интроверти: Во која група спаѓате вие?

Интровертите се карактеризирани како луѓе кои настојуваат да избегнуваат социјални контакти и се преокупирани со своите мисли. Овие луѓе, кои најчесто се опишувани според она што не се наместо со она што се, конечно имаат и свој вид „движење“. Може да биде навистина тешко да бидете интроверт, а да не се совпаѓате со овој опис. Но, неодамнешните истражувања покажале дека всушност постојат 4 вида интроверти. Погледнете кои се тие…

Постојат 4 типа интроверти: Во која група спаѓате вие?

Социјални интроверти

Социјалните интроверти се најблиску до дефиницијата за интроверти, односно луѓе кои повеќе сакаат мали групи наместо гужви, или пак сакаат да бидат целосно сами. Социјалните интроверти често ја преферираат самотијата наместо социјализирањето. Важно е да се разликува оваа особина од срамежливоста. Социјалните интроверти не чувствуваат анксиозност поради нивната одлука. Тие едноставно сакаат самотија или помалку гужва.

Замислени интроверти

Овие луѓе не ги делат истите особини со дефиницијата за интроверти. Нивната интровертност всушност нема никаква врска со луѓето. Тие се интроспективни и често размислуваат за себе. Најголемиот дел од времето го поминуваат рефлектирајќи го својот живот на креативен начин. Еден начин да се опишат овие луѓе е „изгубени во нивната фантазија“, но со доза умереност.

Анксиозни интроверти

Анксиозните интроверти најчесто се опишувани како срамежливи. Тие се чувствуваат навистина неудобно во гужви и помеѓу голема група луѓе поради недостаток на доверба во нивните социјални вештини. Овие луѓе често и премногу размислуваат за тоа што би можело да се случи ако отидат некаде и како би можело да се случи нешто ужасно.

Воздржани интроверти

Воздржаните интроверти се побавни и често им е потребно долго време да преземат нешто. Потребно им е повеќе време да започнат нешто ново и не се тип луѓе кои би скокнале од кревет за да го поздрават светот. Сакаат да имаат време и го живеат животот со нивно темпо.

Погледнете и кои знаци покажуваат дека сте интроверт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар