Одберете круна и дознајте една скриена тајна за вашиот живот

Сподели

Дали некогаш сте се чувствувале како да имате талент што не можете да го идентификувате? Сите ние имаме скриена моќ длабоко во себе и понекогаш ни е потребно мало „поттурнување“ за да пристапиме до неа и конечно да можеме да ја искористиме силата што извира од неа. Одберете една од овие пет круни за да дознаете нешто повеќе за тајните на вашата потсвест, како и за вашите скриени сили. Секоја од овие пет круни има подлабока смисла и може да ви каже нешто за вашите скриени моќи.

Реклама

rn

1. Круната на Афродита

rnАфродита е грчка божица на љубовта, убавината и сексуалноста. Вие верувате во вистинска љубов и имате позитивни и едноставни погледи кон животот. Големи се шансите дека сте ја одбрале оваа круна поради птицата што се наоѓа на неа, што значи дека ја цените својата слобода. Независноста ви е една од најголеми предности. Скриена сила ви се страста и љубовта.rn

2. Круната на друидите

rnДруидите се сметаат за највисоките членови на друштвата во келтската митологија. Оваа круна има келтски јазол што ги претставува самите друиди – личности познати како верски водачи и чувари на мудроста. Тие исто така имале и стабилна врска со нивната заедница, а келтскиот јазол ја претставува и нивната поврзаност со природата. Тој е симбол за природа и хармонија, па затоа и може да се каже дека вие имате желба да бидете едно со природата за да најдете мир и самотија. Скриена сила ви се длабоката мудрост, големата способност и неверојатниот талент.rn

3. Круната на кралевите

rnПостои само еден вид личности што одбираат кралска круна, а тоа се оние со високи амбиции. Вие имате големи соништа и намерувате истите да ги остварите. Имате и големи цели и ништо не може да ве сопре да го сторите тоа што сте го замислиле. Знаете точно како да дојдете до самиот крај и работите напорно за да го стигнете дотаму. Сепак понекогаш мора да се потсетите да застанете на кратко, да ги помирисате ружите по патот и да се гордеете со тоа што досега сте го постигнале. Скриена сила ви е длабоката амбиција.rn

4. Круната на тројните божици

rnЈазолот на тројството со векови се смета за симбол на божество. Ако сте ја одбрале оваа круна, вие имате натприродни способности и сте многу духовна личност. Често откривате дека вашата интуиција е моќна и ви се чини како да имате силна спиритуална поврзана со целиот свет околу вас. Понекогаш изгледа како да имате и натприродна способност за читање на луѓето. Можеби не знаете да правите вистинска магија, но дефинитивно сте родени под посебна ѕвезда и имате инстинкти за коишто другите само сонуваат. Скриена сила ви е духовната поврзаност со светот.rn

5. Круната на Ерос

rnЕрос е грчкиот бог на привлечноста и желбите. Римскиот еквивалент на Ерос е Купидон. Вие ја одбравте круната со срце, јасно укажувајќи на фактот дека љубовта ви е првото нешто на ум. Големи се шансите дека сте во среќна и сериозна љубовна врска, но ако тоа не е така, тогаш очекувајте запознавање со вашата вистинска љубов побрзо одошто мислите. Скриена сила ви се неверојатните романтични способности.

Сакате да направите уште еден ваков тест? Одберете симбол, кликнете на него и добијте спиритуален совет што ќе ви го промени животот!

Популарно

Може ќе ве интересира