Научниците докажаа дека среќата постои и еве како да ја привлечете
Ако сте личност која верува дека среќата зависи од можностите и нема никаква врска со вашата волја и избор, време е да го промените мислењето. Ричард Вајсмен, британски психолог, го проучувал овој феномен и докажал дека всушност можеме да влијаеме врз среќата. Следете ги неговите совети, и ќе научите како да станете навистина среќни.
За повеќето луѓе, среќата е случајна, неочекувана и недефинирана. Тоа е нешто во кое или веруваат или не. Но неодамнешното истражување на Ричард покажало дека постојат одредени шеми кај однесувањето на сите „среќници“ и „губитници“. Според него, луѓето не се родени среќни или несреќни. Добрата среќа не е магија, таа е вашето однесување. Среќните луѓе се со поотворен ум, насмеани и опуштени. Додека „несреќните“ живеат со анксиозност, изгледаат напнато и не се чувствуваат среќно. Сето ова влијае на одлуките кои ги прават и двете групи, можностите кои ги прифаќаат, и се разбира, на нивната среќа. За да го зголеми количеството добра среќа, Ричард го отворил Училиштето за среќа и споделил одредени вежби и трикови. Ако сте подготвени за експериментирање, зошто да не ги пробате?
1. Зголемете ги вашите можности
Сите познаваме луѓе кои се жалат дека имаат малку можности. Поради тоа се неуспешни на работното место, не можат да најдат добар партнер и не ги исполнуваат нивните соништа. Но главниот проблем е нивниот страв од ризикување. Кога премногу се фокусирате на она што го имате (или немате) вие не обрнувате внимание на обидувањето, наоѓањето и создавањето нови работи.
Што да правите? Отворете ги очите и умот. Не чекајте работите да се случат. Бидете господар на својот живот и не плашете се од непознатото.
2. Слушајте го инстинктот
Добрите односи со вашата потсвест може да ви бидат од голема помош. Среќните луѓе секогаш ги слушаат сигналите што им ги испраќаат телото и умот и учат како правилно да ги толкуваат. Сепак, несреќните се премногу анксиозни за да ја забележат или слушаат својата интуиција.
Што да правите? Исчистете го умот од вообичаените сомнежи и анксиозност и обидете се да се спријателите со вашиот внатрешен глас. Ова можете да го постигнете и со медитирање.
3. Очекувајте добра среќа
Среќата е да верувате дека сте среќни. Овој став им помага на многумина да останат позитивни и оптимисти без разлика на ситуацијата. Можеби сметате дека изгледа како илузија бидејќи постојано се случуваат лоши работи. До некаде сте во право, но бидејќи не можете да бидете 100% сигурни дека ќе ви се насмевне среќата, зошто да не си дозволите да имате убави очекувања? Покрај тоа, позитивноста ќе ви помогне да се справите со неуспесите.
Што да правите? Наместо да ја трошите енергијата очекувајќи го најлошото, искористете ја на позитивен начин.
4. Претворете ја лошата среќа во добра
Го заборавивте чадорот дома на врнежлив ден? Совршен момент да се почувствувате како едно со природата! Ја скинавте вашата блуза? Можеби е време да ја обновите облеката! На овој начин размислуваат позитивните луѓе. Верувањето во добра среќа не е доволно за нив, тие само не признаваат дека постојат несреќи. Во овој случај не станува збор за илузија. Тие само планираат следејќи го она што им се случило и не се жалат.
Што да правите? Немојте да обрнувате внимание на лошата среќа. Барајте позитивност насекаде!
Среќна случајност: Уште едно суеверие?
Сепак, не можеме да контролираме сè. Многу среќни луѓе веруваат дека среќата не може да се привлече или да се влијае на неа. Но можете да ги зголемите вашите шанси ако влијаете на среќните случајности. За да ги зголемите убавите шанси, пробајте некои од овие техники:
- Променете ја секојдневната рутина со тоа што ќе одите по нов пат до истото место, или пак јадете во различен ресторан.
- Запознавајте луѓе од разни средини.
- Правете нови и необични нешта.
Сите овие работи ги прошируваат границите на вашиот обичен живот и ви отвораат нови можности кои треба уште веднаш да ги зграпчите.
Прочитајте ги и овие кратки и инспиративни совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден.