Теоретичар на заговори тврди дека според Библијата крајот на светот е на 24-ти јуни 2018 година

Теоретичар на заговори тврди дека според Библијата крајот на светот е на 24-ти јуни 2018 година

Наводно и оваа година, како и секоја претходно, според некои луѓе е крајот на светот. Овој пат ова предвидување не е од „пророк“, туку од самата Библија. Иако овој текст е проучуван со векови, дури сега се открило едно од можните значења, а тоа е дека крајот на светот ќе биде на 24-ти јуни оваа година.

Според Библијата крајот на светот е на 24-ти јуни 2018 година

Сигурно се сеќавате барем на неколку пророштва за крајот на светот. Новогодишните забави во 1999 година беа навистина луди бидејќи познатиот јасновидец Едгар Кејси предвидел дека крајот на светот ќе се случи во 2000-та година.

Според Библијата крајот на светот е на 24-ти јуни 2018 година

Подоцна се појави компјутерскиот вирус Y2K кој наводно требаше да ја уништи технологијата и да предизвика хаос во цивилизацијата. Една од попознатите теории за крајот на светот беше и во 2012-та година кога сите тврдеа дека токму таа година завршува календарот на Маите.

Според Библијата крајот на светот е на 24-ти јуни 2018 година

И минатата година имаше најави за крајот на светот кога авторот Дејви Мид предвиде дека мистериозната планета Нибиру ќе се појави на небото и ќе ја уништи Земјата. Теоријата брзо се прослави иако од НАСА тврдеа дека нејзиното постоење е невозможно, бидејќи гравитацијата на планетата веќе би ја уништила месечината. Нибиру требаше да се појави минатиот септември, потоа се премести за октомври, и на крај кога не се појави и во ноември теоријата полека умре.

Според Библијата крајот на светот е на 24-ти јуни 2018 година

Денес новата библиска теорија предвидува дека ова лето ќе се случи Армагедон. Теоретичарот на заговори Метjу Жан-Марк Жозеф Родриге ја проучувал Книгата на откровението и го открил датумот 24-ти јуни, 2018-та година. Делот за кој Родриге тврди дека го открива ова е:

„Му беше дадено овластување да делува за 42 месеци.“

Наводно, ако го додадете бројот на стихот на жетвата и цената, ќе ја откриете вистината. Не е јасно како добил датум со собирањето на овие броеви, но сумата кажувала дека крајот на светот е на 24-ти јуни, 2018-та година.

„Слушнав глас во средината на четирите живи битија. Ова е мудрост. Оној кој е интелигентен може да го интерпретира бројот на ѕверот. Тоа претставува име на човек. Неговиот број е 666“, напишал Родриге.

Што мислите вие, дали и овој „крај на светот“ ќе биде дочекан со забавна прослава и потоа продолжување како ништо да не било, или пак, Родриге навистина открил нешто чудно во Библијата?
Прочитајте ги и овие катастрофални предвидувања за 2018-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар