Во последно време Инстаграм стана попопуларен од Фејсбук. Луѓето се поактивни на оваа социјална мрежа и таму објавуваат повеќе фотографии. Но, има видлива разлика помеѓу Инстаграм профилите со илјадници следбеници и оние со помал број следбеници. Луѓето сакаат да гледаат убави фотографии со естетска вредност. Сепак, секој си ги објавува фотографиите што нему му се допаѓаат. Па, какви фотографии објавуваат хороскопските знаци? Продолжете со читање…
rn
Овен
rnФотографија од патики во суви лисја со следниов опис: „Времето е променливо, но и прекрасно истовремено.“rn
Бик
rnФотографија од најновите козметички производи што сте ги купиле. И онака обожавате да се грижите за себе, зошто да не ја споделите тајната на вашиот совршен изглед со вашите следбеници?!rn
Близнаци
rnСпонтана фотографија со пријателите додека сте излезени на вечера.rn
Рак
rnФотографија од куче или маче кои одмораат во вашиот дом. Описот гласи: „Единствениот човек што некогаш ќе ми треба.“rn
Лав
rnФотографија од вас како позирате пред огледало и ги нагласувате убаво обликуваните мускули. Во описот објаснувате кои вежби ги правите и како се храните за да изгледате толку совршено.rn
Девица
rnФотографија од вашата 4-та фризура месецов во различна боја, со опис: „Па, ова се случи денес.“rn
Вага
rnФотографија од вашата прекрасно уредена во соба, а во позадина вашиот партнер опуштено си лежи на креветот. Описот гласи: „Опуштен ден по дома, пред да почне неделната тортура.“rn
Скорпија
rnФотографија од вас како носите црна облека со минимални цветни детали. Во описот пишувате: „Понекогаш се облекувам во боја.“rn
Стрелец
rnЧудна фотографија од нешто што не може да се идентификува. Описот гласи: „Не се сеќавам на ова, но еве фотографија од минатата вечер.“rn
Јарец
rnФотографија од песочна плажа на која се гледа како во раката држите или школка или пина колада во кокос. Во описот пишувате: „Сакам да се вратам назад!“rn
Водолија
rnКрупни кадри од работи на коишто случајно сте налетале дента, како на пример шолја за кафе или зграда со интересна архитектура. Не ставате описи.rn
Риби
rnФотографија од вашиот лаптоп, кафе, отворен дневник на страницата каде што пишувате, пенкала, очила, книга и слично. Во описот пишувате нешто што ви се случило во последните 48 часа, а е сосема неповрзано со фотографијата.
Во продолжение дознајте и какви се хороскопските знаци на социјалните мрежи.

