Како треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија?

Како треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија?

Љубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да го разбирате и она што нема да го каже, бидејќи Скорпиите откриваат многу работи преку нивните дела, а не преку нивните зборови. Мора да препознаете кога им е непријатно и покрај тоа што не го кажуваат тоа отворено. Треба да забележувате како се менува нивното лице кога нешто ќе ги вознемири. Треба да разберете дека понекогаш не сакаат да разговараат, бидејќи им треба време да го процесираат она што се случило, а тоа сакаат да го прават сами.

Како треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија?

Љубовта кон Скорпијата подразбира дека не смеете да ги сфаќате работите премногу лично. Треба да им дозволите на Скорпиите да заминат кога сакаат да бидат сами, бидејќи тие повторно ќе се вратат. Мора да ги почитувате нивните желби кога ќе ви кажат дека им треба простор. Тие понекогаш се однесуваат и како интроверти и како екстроверти. По лудата забава им треба да поминат време сами за да си ги наполнат батериите. Ќе им се восхитувате поради тоа што знаат како да се забавуваат, но она што сите останати го гледаат и она што вие го знаете за нив се 2 различни страни од истата паричка.

Љубовта кон Скорпијата подразбира дека не смеете да бидете зависни од неа, бидејќи Скорпиите не поднесуваат напорни луѓе. Не сакаат да се чувствуваат како врзани на синџир или затворени во кафез. Им треба слобода за да растат. Треба да верувате во нивните чувства, и покрај тоа што некогаш не знаат како да ви кажат колку многу им значите. Треба да разберете дека тие никогаш нема да бидат „лигави“ и претерано романтични. Наместо тоа, ќе ве исмеваат со нивниот сарказам и ќе се обидуваат да ги насмеат луѓето. Но, исто така, ќе сакаат да водат сериозни разговори за животот во 2 часот наутро кога ќе се почувствуваат збунето.

Љубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да бидете искрени со неа, бидејќи и Скорпиите ќе бидат искрени со вас, дури и тогаш кога вистината боли. Треба да знаете дека тие ќе ви бидат лојални, а истото ќе го очекуваат и од вас. Треба да разберете дека ако некој им станал непријател, тој човек најверојатно направил нешто непростливо, бидејќи Скорпиите не одат до екстреми само затоа што тоа им е забавно. Мора да им верувате дури и да не ви ја кажуваат целата приказна.

Како треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија?

Љубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да ја цените нејзината добра проценка и да бегате од луѓето кои ѝ предизвикуваат негативни емоции. И покрај тоа што Скорпиите не можат да ги оправдаат нивните заклучоци, тие најчесто се во право за луѓето.

Љубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да бидете трпеливи со неа. Скорпиите се многу затворени и заштитнички настроени. Тие имаат навистина добро срце, но им треба време за да ви го покажат тоа. Им треба време за да сфатат дали ја заслужувате нивната љубов.

Љубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да бидете способни да живеете со притисокот што Скорпиите самите си го наметнуваат и можат да го донесат во врската. Тие се многу строги кон себеси и не си простуваат кога ќе згрешат. Се стремат да бидат најдобри и се чувствуваат лошо кога ќе потфрлат. Можеби ќе си помислите дека и од вас ќе го очекуваат истото совршенство, но не е така. Тие само ќе го ценат тоа што сте тука за нив кога нештата ќе тргнат наопаку. Треба да седите со нив во тишина и да ви биде пријатно. Тишината не им создава непријатност, напротив, понекогаш им треба само друштво.

Љубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да го цените фактот што Скорпиите се чувствителни, дури и да не го покажуваат тоа однадвор. Треба да знаете дека тие љубат најсилно, ако им докажете дека ја заслужувате нивната љубов. Треба да знаете дека кога ќе се вљубите во Скорпија, таа љубов ќе ви го смени животот и очекувањата за сите останати.

Прочитајте ги и следниве 17 причини зошто (не) ги сакаме Скорпиите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Цвета ШкорпиЈонка Reply

    Аба ај се зезаш? – НИ 1% не е така.

Остави коментар