Секој лик од Вини Пу претставува ментална болест
Речиси сите како деца сме уживале во приказните за мечето Вини Пу. Приказните се за група пријатели кои живеат во една шума. Додека сте биле мали, веројатно овие приказни ви изгледале случајни и спонтани, но всушност се засновани на разни шеми. Наводно, секој лик од приказните претставува одредена ментална болест.
Вини Пу
Ѕвездата на приказните е авантурист, но тешко му е да го одржува темпото. Неговите мисли се расфрлани, тешко му е да следи распоред, а неговиот живот делува полн со случајности. Вини го претставува синдромот на дефицит на внимание и хиперактивност.
Ајор
Ова е лик кој речиси никогаш не е среќен. Без разлика колку добри нешта се случуваат околу него, тој секогаш е со лошо расположение. Магарето Ајор е жртва на депресија.
Ру
Малото слатко суштество изгледа како да сфатило сè, но вистината е различна. Многу често „заглавува“ во својот свет и се наоѓа во чудни ситуации. Исто така има моменти на целосна осаменост во кои го блокира целиот свет. Ру го претставува аутизмот.
Прасенцето
Иако има добро срце, Прасенцето е контролирано од анксиозност. Секогаш кога ќе се случи нешто неочекувано, како врева или движење, неговиот прв инстинкт е да се скрие. Покрај тоа, неговата потреба за смирено и релаксирачко опкружување го потврдува ова.
Канга
Оваа мајка можеби го чува своето дете постојано до неа бидејќи е кенгур, но исто така покажува знаци на родител-хеликоптер, односно родител кој не може да го испушти детето од вид. Нејзините постојани грижи за семејството исто така придонесуваат за нејзиното однесување. Канга има и социјална анксиозност.
Ушле
Ова е најорганизираниот лик кој можете да го сретнете. Секогаш мора сè да биде „под конец“ и не поднесува неред. Тој го претставува опсесивно-компулсивното нарушување.
Тигар
Овој весел лик не може да седи мирен. Постојано бара нешто ново, било тоа да е нова авантура или нешто што ќе го одржува зафатен. Тигарот ја претставува хиперактивноста.
Кристофер Робин
Можеби овој лик е поразличен од другите бидејќи е човек, но и неговиот карактер алудира на болест. Сите негови пријатели се измислени, а во реалноста тие се само играчки. Активната имагинација на Кристофер го испраќа во целосно различен свет. Тој е пример за дете со шизофренија.
Погледнете ги и бајките за деца кои имаат многу подлабоко значење.
Ova e najretardiranoto neshto shto go imam prochitano
A shto ste procitale,knigata ili komentarot na gospogicava-gospogava
Navistina nesvatliv e komentarot vash,no shto se odnesuva do komentarite za likovite od prikaznite za vini pu,vo tolku razlicnosti na likovi vie pronajdovte edinstvo=bolest
ne go mislam istoto,no ne e losho da pocnete da mislite na ubavi raboti ne na bolesti
so pocit