7 жени споделуваат како бракот (не) им ја променил врската со партнерот
Во минатото стапувањето во брак значело напуштање на семејството и започнување нов живот. Денес, повеќето парови живеат заедно долго пред бракот. Па, ова го поставува прашањето: Колку всушност бракот ја менува врската? Погледнете што имаат да кажат 7 жени во врска со ова.
„Поголемо задоволство ни претставува да останеме дома и да не правиме ништо, за разлика од пред да се венчаме. Се намали стравот да не испуштиме нешто. Сè останато е речиси исто.“ – Кетрин, во брак 2 месеци
„На почетокот немаше некоја разлика, бидејќи веќе живеевме заедно, а во врска бевме 9 години. Но, по неколку месеци почнаа да се забележуваат мали промени. Сега се чувствуваме поодговорни еден за друг. И двајцата сме независни луѓе, па донесувањето заеднички одлуки, како онаа за нашите банкарските сметки и разговор за тоа каде ќе живееме во иднина, ни разјасни што всушност значи вистинска комуникација и компромис. Компромисот ја направи најголемата, најтешката и најубавата разлика за нас.“ – Ангела, во брак 6 месеци
„Многу од пријателките ме прашаа што се променило по венчавката. Искрено, сметам дека единственото нешто што се промени е тоа што прво зборувавме само за венчавката, а после неа зборуваме за други цели, како преселување, купување дом и слично. Останатите работи се исти.“ – Алексија, во брак една и пол година
„За мене бракот не ја промени врската многу – веќе живеевме заедно и мислам дека тоа беше поголем настан во нашите животи. Сепак, чувствувам дека повеќе делуваме како тим откако сме во брак. На пример, нема повеќе празни закани додека се расправаме.“ – Рејчел, во брак 2 години
„Не се чувствував различно како жена која е во врска, па жена која е верена и на крај жена во брак. И сопругот исто. Но, почувствувавме некаков ефект на врската. Станавме свесни дека како што се движиме низ животот, ние сме тим, без разлика на околностите. Тоа не е промена која ја почувствувавме преку ноќ или во секојдневната интеракција, туку е целокупно чувство.“ – Рејчел, во брак две и пол години
„Сега сум во брак, а бев во брак и претходно. Кога бев со првата сопруга, бракот целосно ја промени динамиката на нашата врска, и тоа до степен што ни стана јасно дека не сме вистински еден за друг. Кога се венчав втор пат, тоа дефинитивно беше како напредок во нашата врска. Како резултат на ова станавме посилен пар.“ – Крис, во брак 5 години
„Најголемата промена беше тоа што, во добро и во зло, одлучивме секоја задача да ја извршува поспособната личност. На пример, мене ме бидува за сметки и буџет, па тоа е моја задача. А тој пак е одличен готвач, што значи дека јас немам готвено 5 години. Јас го средувам социјалниот календар, тој го средува автомобилот. Добрата страна е што повеќето нешта се завршуваат брзо и ефективно. Лошо е тоа што веќе не знам како се става бензин.“ – Џилијан, во брак 5 години
Прочитајте и што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.