Поголемиот дел од слободното време го поминуваме на социјалните мрежи каде што комуницираме со пријателите или објавуваме фотографии на Инстаграм. Но, можете да го искористите Интернетот и за нешто покорисно. Вреди да ги погледнете следниве 20 веб-сајтови, бидејќи тие ќе можат да го зголемат вашиот коефициент на интелигенција. Збогатете си го животот со нови знаења и почнете да учите уште веднаш…rnrn
rnrn1. Free Rice е веб-сајт што донира зрна ориз доколку точно одговорите неколку прашања со повеќе можни одговори. Сајтот изобилува со разновидни теми и го тестира вашето знаење од областа на општествените и природните науки. За секој точен одговор Free Rice дава 10 зрна ориз. Можете да играте во група или сами.rnrn2. Coursera е едукативна платформа што нуди онлајн курсеви од најдобрите универзитети и организации во светот.rnrn3. Udemy е пазар на знаење. Повеќе од 10 милиони студенти го користат денес и нуди повеќе од 40.000 курсеви.rnrn4. Lumosity е веб-сајт што може да го зголеми вашиот интелектуален капацитет. Изгледа едноставно, но Lumosity создава индивидуални „вежби“ за секој човек. Вреди да потрошите малку време на него!rnrn5. Memorado е бесплатна апликација за смартфони што се вика „Brain Training Games“ („Игри за тренирање на мозокот“). Таа е составена од многу нивоа. Има вкупно 600 нивоа, а секое од нив е претставено преку различни загатки.rnrn6. Duolingo е бесплатна платформа за учење јазици. Корисниците учат нови работи, се здобиваат со знаење и потоа можат да помогнат со тоа што ќе преведуваат веб-сајтови, статии и други документи.rnrn7. Brainexer е веб-сајт со голем број тестови и вежби за подобрување на меморијата, вештините за броење, концентрацијата и интелигенцијата.rnrn8. Memrise е уникатна онлајн платформа што ги користи најновите техники за вежбање на меморијата, со цел да им помогне на луѓето полесно и побрзо да помнат разни информации.rnrn9. Project Gutenberg е електронска библиотека што содржи разни дела од светската литература.rnrn10. Curious е веб-сајт направен за студенти, наставници и талентирани луѓе од целиот свет кои сакаат да го споделат своето знаење и вештини, па дури и да бидат наградени за нивниот труд.rnrn11. Open Culture е веб-сајт со едукативна и културна содржина што лесно можете да ја добиете и користите бесплатно.rnrn12. CogniFit Brain Fitness е апликација каде што невронауката и гејмањето се споени за да создадат вежби за сивата маса. Според создавачите на апликацијата, ако ја користите апликацијата најмалку 20 минути 2-3 пати неделно, ќе можете да ги подобрите вашите когнитивни вештини.rnrn13. Fit Brains Trainer е апликација за учење јазици. Потребно е да потрошите само неколку минути на оваа апликација за да го ја подобрите мозочната функција.rnrn14. TED-ED е веб-сајт за наставници и ученици што содржи интересни едукативни видеа, пократки од 10 минути.rnrn15. Zooniverse е онлајн платформа што ви овозможува да учествувате во повеќефункционални научни проекти.rnrn16. How Stuff Works е лесно разбирлив веб-сајт што изобилува со најразлични теми и објаснува како функционираат работите. Тој ги претвора комплицираните теми во разбирливи статии.rnrn17. Unplug the TV е веб-сајт што нуди голем број забавни и едукативни видеа. Едноставен е за користење, бидејќи можете лесно да преминувате од едно на друго видео или да пребарувате во архивираните податоци.rnrn18. This American Life е радио емисија во која се дискутира на различни теми и обични луѓе ги споделуваат нивните лични приказни и мислења. Може да ја слушате преку подкаст или мобилна апликација.rnrn19. EIDETIC е апликација за луѓе чија меморија не е толку стабилна. Повторувачкиот метод на апликацијата ќе ви помогне да си ја подобрите меморијата.rnrn20. Answerbag.com е веб-сајт за љубопитните корисници кои не можат да се сетат како функционира аеродинамичката сила или ги интересира кој бил најдобриот кошаркар во 1980-тата година. Answerbag е многу едноставен веб-сајт што сигурно ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот одговор.rnrnЗошто да не ги погледнете и следниве 10 веб-сајтови кои можат многу да ви користат?!
20 корисни веб-сајтови што ќе ви го зголемат коефициентот на интелигенција
