Бети Вајт ги споделува своите тајни за долг живот

Бети Вајт ги споделува своите тајни за долг живот

Кога ќе помислите на Бети Вајт, скоро невозможно е да не се нацрта насмевка на вашето лице. Мал број жени во Холивуд уживале во кариера што траела повеќе од 7 декади, додека истовремено ги шармирале сите домови ширум светот. Нејзините улоги се иконски, комичните коментари – безвремени, и најдобро од сè, таа постојано го споделува своето животно искуство, полнејќи нè со многу голема мудрост.

(1) beti-vajt-gi-spodeluva-svoite-tajni-za-dolg-zhivot-www.kafepauza.mk

Овој месец таа ќе го прослави својот 96-ти роденден. Тоа е и причината зошто решивме да ги собереме нејзините најдобри совети и цитати на едно место.

Тајната за долг, здрав живот

„Уживајте во животот“, вели таа постојано. „Ставете акцент на позитивното, не на негативното. Можеби звучи банално, но повеќето од луѓето попрво би одбрале нешто за да се пожалат отколку да кажат ‘Еј, тоа беше одлично!’. Не е тешко да ги најдете добрите работи доколку истите ги барате.“

Ова е одличен совет што сите ние треба да го запомниме. Што друго вели таа за долгиот живот?

„Јадете хот-дог и пијте вотка – по тој редослед.“

Најголемото каење

Вајт беше 18 години во брак со водителот Ален Луден. Иако биле лудо заљубени, таа два пати го одбила неговото запросување. Потоа во 1963, таа конечно кажала „ДА“ и тие се венчале.

„Поминав цела година, потрошив цела година во која јас и Ален можевме да бидеме заедно, со изговори дека не сакам да се омажам за него и да ја напуштам Калифорнија за да живеам во Њујорк. Потрошив цела година која можевме да ја поминеме заедно, но сепак, на крај успеавме.“

Луден починал во 1981 година од рак на желудник.

(2) beti-vajt-gi-spodeluva-svoite-tajni-za-dolg-zhivot-www.kafepauza.mk

Совет за сите вдовици

Справувањето со смртта на сопругот е нешто што никој не може да го разбере доколку не го искусил на своја кожа. И иако е најтешкото нешто низ што можете да минете, сепак, со време, ќе го преживеете.

„Ден по ден“, вели таа. „Не гледате напред, но исто така се обидувате и да не гледате назад. Најпрво, држете го вашиот ум зафатен. Но не преземајте ги сите обврски, бидејќи брзо ќе се истрошите. Најдете нешто што ќе ве држи зафатени, додека истовремено ќе ви помогне и да се забавувате. Не е тешко да најдете нешто во што сте навистина заинтересирани, па обидете се да се препуштите и целосно да уживате. Токму тоа ќе ве држи исправени.“

Справување со староста

„Луѓето гледаат негативно на стареењето, не само во шоу-бизнисот, туку во скоро секој бизнис. Тие постојано се во потрага по новите млади луѓе, што јас целосно го разбирам. Но обидете се да бидете од корист што е можно повеќе, па тие ќе најдат место и за тебе! И не се жалете, туку обидете се да го ставите акцентот на позитивното наместо на негативното. Ако се жалите, вие нема да бидете забавни, а забавноста е тоа што сите го бараат во играта.“

(3) beti-vajt-gi-spodeluva-svoite-tajni-za-dolg-zhivot-www.kafepauza.mk

Одржување на умот

Во староста, покрај другите потешкотии, често се случува и мозокот несакано да ви „одлетува“. Па, како можете да го одржите фокусот? Бети Вајт вели:

„Крстозбори!“, вели таа. „Јас сум зависна. Голем зависник сум од крстозбори. Едноставно не можам да ги оставам.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар