Која грешка на родителите доведува до анксиозност кај децата?

Која грешка на родителите доведува до анксиозност кај децата?

Бројот на тинејџери кои страдаат од анксиозност и депресија станува сѐ поголем. Експертите посочуваат дека вината лежи во една грешка што ја прават родителите. Станува збор за вистински проблем! 25,1% од децата на возраст помеѓу 13 и 18 години страдаат од анксиозност, а ова е најчестото ментално нарушување кај возрасните кое е присутно кај 18% од популацијата, според податоците на Националниот институт за ментално здравје.

Која грешка на родителите доведува до анксиозност кај децата?

Па, на што се должи сето ова? Според експертите, главната причина за проблемот е заштитничкиот став на родителите. Некои истражувања советуваат дека децата треба повеќе да истражуваат и да играат ризични игри за да ја зголемат нивната отпорност.

Претераната заштита на децата го зголемува нивото на анксиозност

Истражувачите од Норвешка откриле дека претераната заштита на децата доведува до зголемени нивоа на анксиозност. Децата треба да се качуваат на дрвја и кровови на куќи, па дури и по цена на тоа да скршат коска во текот на процесот.

Има логика во сето ова ако размислите подобро. Денешните игралишта се толку заштитени што децата не можат ни да се изгребат. Кога последен пат сте виделе мало дете како се качува на дрво? Се сеќавате ли на лулашките кои се издигнуваа толку високо што мислевте дека ќе полетате? Дали се сеќавате на малите колички кои се движеа толку брзо што за малку ќе сте излетале на улица пред автомобил? Овие детски задоволства не се дозволени во денешниот начин на воспитување.

Децата треба да учествуваат во ризични активности

Децата треба да ги доживеат ефектите од ризичната игра, според едно истражување објавено во списанието „Еволуциона психологија“ (Evolutionary Psychology). Истражувачите го објаснуваат овој став на следниов начин:

„Ризичните игри генерално се случуваат надвор. Станува збор за авантуристички и возбудливи физички активности кои им овозможуваат на децата да пробаат нешто ново. Тие треба да го истражуваат чувството на губење контрола (најчесто поради висина или брзина) и да го надминат стравот.“

Меѓутоа, во современото општество, родителите повеќе се фокусираат на безбедноста на децата, особено кога се работи за нивниот начин на играње. Ова е многу проблематично, бидејќи иако од една страна децата не треба да се повредуваат, од друга страна, им требаат предизвици и разновидни стимулации за да имаат правилен физички и психички развој.

Која грешка на родителите доведува до анксиозност кај децата?

Ризичните игри, како на пример играње во близина на рид или карпи, може да предизвика позитивни емоции кај децата и да ги изложи на дразби од кои претходно се плашеле. Како што ќе се подобруваат способностите на децата за справување со околностите, ваквите ситуации и дразби ќе бидат совладани и детето нема повеќе да се плаши од нив, што ќе ја намали и неговата анксиозност.

Истражувачите ги групирале ризичните игри во 6 категории:

  • Големи височини. Тие може да доведат до паѓање и тука спаѓаат качувањето, скокањето од стабилни или подвижни површини, одржување рамнотежа на високи објекти, висење или лулање високо над земјата.
  • Големи брзини. Тие може да доведат до судири и тука спаѓаат лулањето, лизгањето, трчањето, возењето велосипед, возењето ролерки и скијањето со неконтролирана брзина.
  • Опасни предмети. Тука спаѓаат сите остри предмети со коишто децата би можеле да се исечат и јажињата кои би можеле да ги повредат.
  • Опасни елементи. Тука спаѓаат карпите, длабоката студена вода и оганот.
  • Груби активности. Тука спаѓаат борењето, тепањето и мечувањето со стапчиња за време на коишто децата би можеле да се повредат.
  • Исчезнување/губење. Ова може да се случи како последица од истражување или самостојно играње во непознати средини.

Имајќи го сето ова на ум, нареден пат кога ќе го однесете вашето дете во парк, дозволете му да се качува на дрвја наместо да се лизга по глупавата мала лизгалка.

Во продолжение прочитајте какви се последиците врз децата од конфликтите на родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар