Физичкиот инвалидитет е можеби најтешкото нешто со коешто може да се соочи една личност. Ако имате избор помеѓу живот со и без инвалидитет, сигурно ќе ја одберете втората опција.rnrn
rnrnНо, секогаш има исклучоци, а во овој случај тоа е 61-годишната хемичарка од Јута. Клои Џенингс-Вајт е совршено здрава жена која сака да живее како личност со инвалидитет, бидејќи се пронаоѓа во таа улога. Како што некои луѓе сакаат да го сменат полот, така постојат и луѓе кои сакаат да си ја сменат конфигурацијата на телото. Но нештата се малку покомплицирани во вториот случај.rnrn
rnrnПостои медицинска состојба наречена нарушување на идентитетот за интегритетот на телото која може да го објасни однесувањето на Клои.rnrn
rnrnИ покрај тоа што таа ги има сите екстремитети и тие функционираат совршено, таа се идентификува како параплегична и живее заробена во инвалидска количка. Количката воопшто не ѝ е потребна, таа само сака да ја користи.rnrn
rnrnСо помош на протези кои ги закочуваат нејзините колена, таа не може да ги користи нозете и со тоа тврди дека е физички неспособна. Сепак, кога треба да направи нешто за коешто ѝ се потребни нозете, таа едноставно ги вади протезите и ги користи своите нозе. Всушност, таа често оди на планинарење и скијање, но тврди дека ништо од ова не ја прави среќна и дека сака да живее како инвалид, бидејќи се идентификува како личност со инвалидитет.rnrnШто мислите вие за оваа состојба?
Запознајте ја Клои: Здравата жена која живее како инвалид
