КАФЕ ПАУЗА

9 сосема обични и секојдневни нешта што ги ужасуваат луѓето кои мразат физички контакт

Сите ние познаваме барем еден пријател што постојано се обидува да избегне прегратки или бакнежи. Ако не знаете таков – тогаш можеби токму вие сте тој во вашето друштво! Како и да е, за сите останати луѓе, ова однесување може да биде многу чудно затоа што не знаат зошто таа личност не сака допири. Во продолжение погледнете ги најчестите ситуации што за оние кои не сакаат физички контакт се многу отежнати.rnrn9 сосема обични и секојдневни нешта што ги ужасуваат луѓето кои мразат физички контактrn

1. Туѓи деца

rnДецата се цвеќињата во нивниот живот… сè додека ги набљудуваат од далеку. Тие ги обожаваат најмалите на блиските пријатели, но едноставно не сметаат дека е потребно преку прегратки да ја покажуваат нивната љубов. Единствените личности што тие ги прегрнуваат се нивните партнери и своите деца.rn

2. Лето

rnЛетата имаат еден голем проблем – испотени тела на сите луѓе во околината! Скоро невозможно е да не допрете непозната личност со разголена облека и испотена кожа и како за беља, тие најмногу се „лепат“ до оние што мразат физички контакт.rn

3. Прегратки без причина

rnНа овие личности им е многу тешко да разберат зошто мора да има прегратка при поздравувањето. За нив, мавтањето е нешто сосема прифатливо кога велат „Здраво“ или „Чао“.rn

4. Прегратки со причина

rnТие неретко запаѓаат во непријатна ситуација кога непозната личност ќе се обиде да ги прегрне. Уште полошо, во овие ситуации нивното однесување се перципира како студено, иако тие во своето срце се многу топли и добри личности.rn

5. Масажи

rnИако повеќето луѓе обожаваат масажи, оние што мразат физички контакти едноставно не можат да замислат да уживаат кога ги допира некоја сосема непозната личност… по целото нивно тело! Во нивните очи тоа е едноставно неприфатливо и неприродно.rn

6. Базени

rnБазенот е супа со луѓе. Моментот кога нивното лице ќе биде измиено со истата вода што измила нечии стапала ќе биде последен во нивниот живот.rn

7. Нови врски

rnПотребно им е време да се навикнат на нова личност во нивниот живот. Тие не се способни за инстантно отворање, но штом тоа се случи, тие ќе ја подарат сета нежност што ја чувствуваат во себе.rn

8. Стари пријатели

rnТие имаат само една порака за старите пријатели: „Не нè допирајте додека ни зборувате!“ Тие се сосема способни да го следат разговорот и без постојано да бидат подудирани по рамената или рацете.rn

9. И најважно од сè…

rnАко овие личности редовно ве прегрнуваат, тоа значи дека сте најважните и најсаканите личности во нивниот живот.rnrnПа, во која група спаѓате вие? Дали сте оние што немаат проблем со допирот, или од оние што целосно би го избегнале? Пишете ни во коментарите подолу… Во меѓувреме, прочитајте ги и овие 5 причини зошто физичкиот допир е толку важен!