5 шпански модни икони кои се движечка инспирација
Нивниот стил е вечна инспирација за сите љубители на модата. Шпанките го негуваат опуштениот, тренди стил кој и во зима е лесен, етеричен и полн со бои. Шпанија го покори модниот свет со стилски модели од групацијата Индитекс (Зара, Манго, Бершка, Масимо Дути) и е земја во која живеат некои од најголемите модни блогерки на светот. Од електричната Барселона, преку космополитскиот Мадрид, до опуштената Севилја, овие дами секојдневно ги шетаат своите тренди модни комбинации во кои доминираат подостапни марки.
Поголемиот дел од овие девојки не се занимаваат со професионална мода, некоја од нив завршила архитектура, некоја работи како маркетинг менаџер, додека една е забарка! Она што им е секако заедничко е страста кон модата! Ви откриваме 5 најдобри блогерки кои од волшебната Шпанија секојдневно ги објавуваат своите стилски доживувања.
Александра Переира – 1,5 милиони следбеници
Турата на запознавање ја започнуваме со шармантната Александра Переира која секое утро нè дочекува на својот веб-сајт „Lovely Pepa“ со волшебна насмевка и ведра модна комбинација. Нејзиниот стил најмногу потсетува на оној кој го негуваат близначките Олсен, но и на модерната Никол Ричи.
Наталија Кабезас – 525.000 следбеници
Веднаш до преслатката Пепа по популарност е сопственичката на блогот „Trendy Tasty“, згодната Наталија. Оваа русокоса чиј стил е често копиран од околните девојки, обожава лежерни комбинации кои се базираат на искинати фармерки, блузи и блејзери.
Сара Ескудеро – 989.000 следбеници
Оваа девојка е позната по блогот „Collage Vintage“. Таа живее во Мадрид, и нејзините стилски доживување не се воопшто досадни и обични, туку смели и поразлични. Таа комбинира женствени комбинации, како и елегантни Шанел јакни со тексас комбинезон и црни потпетици.
Зина Чаркоплија – 158.000 следбеници
Уште една девојка од Барселона која се смета за една од најдобрите: Зина Чаркоплија! Оваа девојка го обожава машкиот стил кој често го комбинира со женствени, романтични парчиња облека, па многу често ја нарекуваат и шпанската Кара Делавињ. Нејзиниот стил е кул, гранџ и романтичен.
Силвија Замора – 294.000 следбеници
Ако ги прашате Шпанките која е најпознатата блогерка кај нив, најверојатно многумина би ви одговориле: Силвија Замора! Оваа тренди девојка доаѓа од Севилја, стои зад блогот „Lady Addict“ и има кул, женствен стил кој нè потсетува на сјајните модни комбинации од тренди Њујорчанките.
За поголема инспирација ви ги препорачуваме овие Инстаграм профили кои треба веднаш да ги заследите.