Користењето тампони самото по себе е доволно комплицирано, тоа што е уште позастрашувачко е фактот што на самата кутија од тампоните пишува предупредување за токсичен шок. Проблемот е што повеќето жени не се свесни за ова потенцијално смртоносно нарушување. Доколку сакате да го заштитите вашето здравје, тогаш мора да ги знаете овие нешта за синдромот на токсичен шок.rn
Што претставува синдром на токсичен шок?
rn
rnrnТоксичен шок е ретка компликација предизвикана од одредени видови бактериски инфекции која е опасна по живот. Станува збор за насобирање на два вида бактерии кои го тераат телото да доживее токсичен шок.rn
Кои бактерии играат улога во токсичниот шок?
rn
rnrnБактериите кои се одговорни за голем број чести инфекции, како стафилококите и стрептококите, најчесто се поврзуваат и со оваа застрашувачка медицинска состојба.rn
Дали тампоните се безбедни за употреба?
rn
rnrnТоксичниот шок отсекогаш бил поврзуван со употребата на тампони. Но, откако компаниите го подобриле квалитетот на овие производи, тие се поретка причина за овој синдром. Тоа значи дека се доволно безбедни за користење, но ако забележите какви било симптоми поврзани со токсичниот шок, веднаш отстранете ги од вас и консултирајте се со лекар.rn
Кои други производи можат да предизвикаат токсичен шок?
rn
rnrnПокрај тампоните, токсичен шок можат да предизвикаат и продуктите како сунѓери, дијафрагми и менструални чашки. Токму затоа е многу важно да внимавате кога ги употребувате.rn
Дали мажите се безбедни?
rn
rnrnИако жените се најголемите жртви на токсичниот шок (вклучувајќи ги и оние во менопауза), мажите исто така треба да знаат да ги препознаваат симптомите. И не само мажите, туку сите родители треба да бидат доволно информирани и да внимаваат, бидејќи и децата можат да добијат токсичен шок. rnrnПродолжува на следната страница…rn
