Мохито од ананас на скара

Сподели

Сакате да направите летна коктел-журка во вашиот двор? Научете како да правите мохито од ананас на скара и изненадете ги вашите пријатели со една незаборавна забава.

rnrn

Реклама
Потребни состојки за еден коктел:

rn

    rn011

  • 7-8 ливчиња нане
  • rn011

  • 1 супена лажица (или повеќе) кафеав шеќер
  • rn011

  • ¼ лимета (зелен лимон)
  • rn011

  • повеќе од 5 коцки кршен мраз (за да се наполни чашата)
  • rn011

  • 60 мл ананасов сок (свеж или конзервиран)
  • rn011

  • 50 мл бел рум
  • rn011

  • газирана минерална вода
  • rn011

  • 1 тркалце ананас потпечено на скара
  • rn

Начин на подготовка:

rnВо поширока висока чаша ставете го нането, шеќерот и лиметата и со толчник убаво истолчете ги за да се претворат во кашеста состојба. Додадете го кршениот мраз, а потоа сокот од ананас и белиот рум. До врвот на чашата наполнете со газирана минерална вода. Преклопете ја чашата со вашата дланка и над мијалникот превртете ја за да се измешаат состојките. За да му дадете тропски шмек на вашето мохито, загрејте ја скарата 5 минути и ставете едно тркалце ананас да се потпече 3-4 минути. Потоа исечкајте го на 4 парчиња и додадете го во чашата. Послужете го вашето тропско мохито од ананас со сламка и украсете ја чашата со резанка ананас.

Забелешка: Доколку немате машина за кршење мраз, ставете неколку коцки во кеса, држете ги дршките со едната рака, а со другата кршете го со помош на чукче за толчење. Ако сакате мохитото да го направите со свежо цеден ананас, а не знаете како да ја излупите неговата кора, погледнете го видеото. Откако ќе го исечкате на коцки, ставете го во блендер и ќе добиете ананасов сок.

Потсетете се и на рецептот за правење мохито од јагоди.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира