Времето е студено и сончевите моменти траат многу кратко. Па, доколку ви недостасува сонцето, овој тест можеби ќе успее да ве „стопли“ малку со тоа што ќе ви даде мудра порака за вашата блиска иднина. Одвојте неколку секунди, погледнете ја сликата, затворете ги очите и одберете го сонцето што најмногу ве привлекува…rnrn
rn
Прво сонце
rnПонекогаш вашиот голем сон мирно спие во вашата свест за да можете да обрнете внимание на едноставните задачи во животот. Размислете зошто стеблата се кастрат пред да се случи цветењето на прекрасните цветови. Се отфрлаат мртвите лисја, земјата се полева, а потоа работите ѝ се препуштаат на природата. Тоа е многу важен чекор при постигнувањето успех.rnrn
rnrnКога ќе го тргнете вниманието од вашата цел и ќе се одвоите од неа, ќе станете достапни за доаѓањето на успехот. Кога се занимавате со секојдневни задачи на медитативен начин, вие ја чистите вашата енергија за да можете да доживеете „еурека“ моменти кои ќе ве приближат до она што го барате.rn
Второ сонце
rnСудено ви е да еволуирате и да се трансформирате преку дружењето со други луѓе. Некои луѓе се појавуваат во вашиот живот за да ве одведат на следното ниво на свест и автентичност. Станува збор за заемно искуство иако резултатите варираат во зависност од поединецот. Ги познавате тие луѓе и силно ве привлекуваа иако понекогаш на самиот почеток чувствувате дури и силна аверзија кон нив.rnrn
rnrnСродните души може да бидат пријатели за цел живот или многу кратко време да останат во вашиот живот. Без оглед на тоа, тие ќе ве променат на начин што сега нема да можете да го разберете. Обрнете внимание на тие луѓе. Тие се вашите најголеми дарови.rn
Трето сонце
rnМожеби не се сметате за креативни, но вие секој ден ја создавате вашата реалност преку вашите мисли, чувства, верувања, намери и дела. Вашата интелигенција ја поттикнува вашата инспиративна мисла и интуитивно водство. Вие знаете како да ја изразите вашата индивидуалност.rnrn
rnrnМоментално толку многу сте усогласени со универзумот што можете да направите чуда. Кога ќе почнете да го гледате вашиот живот како уметност што самите ја создавате, ќе почнете да доживувате само убави и значајни работи. Подгответе се, бидејќи можно е да бидете изненадени!rnrnВо продолжение одберете ја сликата што прави да се чувствувате подобро и сознајте се себеси.rnrn