Фокусирајте се на себе, а не на другите!

Фокусирајте се на себе, а не на другите!

Кога се фокусирате на она што е важно, мислењето на другите станува навистина нерелевантно бидејќи веќе ја гледате големата слика и знаете дека сте овде со причина. Секогаш ќе има луѓе кои ќе прават врева, нема да ве сакаат и ќе зборуваат лошо за вас.

fokusirajte-se-na-sebe-a-ne-na-drugite-kafepauza.mk

Длабоко во вас има нешто големо што сака да се искаже, да постигне и да направи нешто неверојатно. Не дозволувајте никој да направи да се чувствувате како да не сте способни, или како да не сте доволно добри или доволно вредни за да направите нешто. Вашето чувство на исполнетост не доаѓа однадвор.
Само вие ја поседувате моќта на вашите мисли. Никој не треба да влегува во вашиот ум освен ако не му дозволите. Фактот дека денес сте живи кажува дека има нешто што треба да го правите.

„Мојот живот стана поголем откако престанав да се грижам за мислењето на другите. И вашиот ќе стане таков, само останете фокусирани на она што навистина е важно.“

Не дозволувајте вревата и негативноста да ве спречат во исполнувањето на вашите цели. Фокусирајте се на самите себе и на она што е во вашето срце и стремете се кон вашите вредности. Секогаш бидете свои, искажувајте се и верувајте во себе. Вие сте подготвени и способни да правите неверојатни нешта. Секогаш кога ќе сфатите дека сте под влијание на мислењето на другите, потсетете се дека тие минуваат низ нивно животно искуство, а вие минувате низ ваше.

Немојте ништо да сфаќате лично, никој не прави нешто поради вас. Она што го кажуваат и прават другите е проекција на нивната реалност. Кога сте имуни на мислењата и постапките на другите, нема да бидете жртва на непотребно страдање. Одете внатре, фокусирајте се на себе, фокусирајте се на вашите цели и не застанувајте за никого. Вие сте овде со причина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар