Пронајдете ја вашата силуета и дознајте нешто повеќе за себе!

Пронајдете ја вашата силуета и дознајте нешто повеќе за себе!

Изгледот на секоја жена не зависи само од генетиката, туку и од функцијата на една жлезда, која е поактивна од останатите. Генерално, женските фигури може да се поделат на 4 типа. Секако дека оваа класификација не е идеална, бидејќи работата на нашиот организам зависи од многу фактори. Сепак, овие 4 силуети се сметаат за најчести и нивните карактеристики се застапени кај повеќето жени. Пронајдете ја силуетата што е најслична на вашата и дознајте нешто повеќе за себе…

Пронајдете ја вашата силуета и дознајте нешто повеќе за себе!

Јаболко – Доминантна е надбубрежната жлезда

Основни карактеристики: Горниот дел од телото е значително покрупен од долниот. Жените со ваков тип тело обично имаат широки рамена, изразени гради, мал задник, силни раце и нозе. Во поголемиот дел од случаите, нивната кожа е природно цврста и тие не се склони кон целулит. Ако добијат вишок килограми, најпрво им се дебелеат градите, рацете и стомакот.

Психолошки особини: Дамите со ваква фигура обично поседуваат изразени лидерски вештини, многу брзо донесуваат одлуки, самостојни се и одговорни. Сепак, тие имаат една маана: Немаат мерка во работата, одморот, храната или спортските активности.

Препораки: На овие жени совршено им одговара вегетаријанската исхрана. Понекогаш треба да се исклучат од грижите и да научат да уживаат во едноставните работи. За да ја одржуваат формата најмногу им одговара пливањето.

Правоаголник – Доминантна жлезда е хипофизата

Основни карактеристики: Нивното тело наликува на тинејџерска фигура. Тие имаат тесни колкови, но немаат јасно изразен струк. Рацете и нозете обично не им се долги, а главата и им изгледа поголема. Исто така, за овој тип тело карактеристичен е долгиот струк и малиот тркалезен задник. Жените со ваква фигура многу тешко ја зголемуваат тежината, а најпрво се дебелеат во пределот на стомакот. Слабиот лимфен состав може да им предизвика отоци и сува кожа.

Психолошки особини: Дамите со ваков тип тело се интровертни. Нив ги интересира уметноста и знаењето. Може да изгледаат недружељубиви и затворени, но не поради тоа што не знаат да комуницираат, туку поради тоа што се многу независни. Понекогаш премногу се затвораат во светот на нивните мисли и забораваат на реалноста и секојдневието.

Препораки: Одлично им одговара исхрана на база на протеини, а би требало да го намалат внесувањето на јаглехидрати. За да постигнат душевна хармонија, овие жени треба да бидат опкружени со убави работи. Во нивните домови треба да има што е можно повеќе цвеќиња и миризливи свеќи. Што се однесува до вежбањето, одлично им одговараат вежби со тегови, односно бодибилдинг.

Песочен часовник – Доминантна е тироидната жлезда

Основни карактеристики: Нивната фигура потсетува на песочен часовник. Ако ја зголемат тежината, овие дами се дебелеат во пределот на стомакот и колковите. Рацете и нозете честопати им остануваат тенки дури и тогаш кога имаат вишок килограми. Тие имаат и некои недостатоци како што се слабите мускули и кршливите коски. Исто така, можно е да имаат проблеми поради тенката и сува кожа, а склони се и на појава на целулит.

Психолошки особини: Овие жени се весели, активни и дружељубиви. Многу се комуникативни и благодарение на тоа, лесно се вклопуваат во кое било друштво.

Препораки: Што се однесува до исхраната, тие треба да му дадат предност на зелениот зеленчук (зелена салата, брокула, зелка, грашок и слично) и на млечните производи со низок процент на масти. Овошјето, лебот, алкохолот и кофеинот најдобро е максимално да ги ограничат. За да се ослободат од стресот и напнатоста на крајот од работниот ден, најмногу ќе им помогне врелиот туш. Од спортските активности им одговараат групните активности и танцот.

Крушка – Доминантна жлезда е јајчникот

Основни карактеристики: Кај претставниците на овој тип, телото е класично женско, со тесен горен дел, заоблени колкови и изразен задник. Силуетата потсетува на крушка. Тие обично почнуваат да се дебелеат во пределот на колковите, а струкот и стомакот последни се заоблуваат. Склони се на појава на целулит.

Психолошки особини: Овие дами се многу грижливи, добродушни и чувствителни. Лесно се зближуваат со нови луѓе, бидејќи ги чувствуваат нивните мисли и желби. Поради нивниот бавен метаболизам, може да остават впечаток дека се незаинтересирани, но тоа е погрешно, бидејќи во овие жени се крие вистинска бура од емоции.

Препораки: Што се однесува до исхраната, обрнете внимание на овошјето и зеленчукот, но и на лесните протеини. Најдобро е да заборавите на путерот, маргаринот, сосовите, чоколадото и тестенините. Неопходна ви е комуникација доколку сакате да постигнете психички мир. Одбегнувајте ја самотијата, но држете се настрана од агресивни и нервозни луѓе. Дишењето и јогата ќе ви помогнат да се ослободите од напнатоста и ќе ви дадат позитивна енергија. Не заборавајте дека имате забавен метаболизам, па затоа неопходна ви е физичката активност, особено вежбите за издржливост.

Дознајте уште неколку информации за основните форми на женското тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар