По дефиниција, стравот е непријатна емоција предизвикана од помислата дека некој или нешто е опасно и претставува закана или може да нанесе болка. Луѓето најчесто не уживаат во стравот, бидејќи дефинитивно не станува збор за ништо смешно. Понекогаш стравот е толку силен што може целосно да ве обземе. Меѓутоа, бестрашните луѓе не се ослободуваат целосно од стравот, туку го прифаќаат и продолжуваат понатаму. Само затоа што се плашите од нешто, не значи дека не можете да го надминете стравот. Прочитајте ги следниве неколку работи што треба да ги знаете за стравот…rnrn
rn
1. Сите се плашиме од нешто
rnНиту еден човек на светов не е имун на стравот. Иако постојат луѓе кои негираат дека се плашат од нешто, верувајте дека лажат.rn
2. Колку повеќе го чувствувате стравот толку повеќе се влошуваат работите
rnТоа не значи дека треба да ги потиснувате вашите емоции, но треба да се обидете да ги контролирате. Мора да останете прибрани, дури и во најстрашните ситуации.rn
3. Сите стравови се различни и подеднакво страшни
rnСите луѓе имаат различни стравови, но тоа не значи дека вашиот е полош од нивниот и обратно. Сите стравови се вистински и треба да им се даде подеднакво значење.rn
4. Стравот се учи
rnСтравот може да се пренесе генетски, но најчесто се учи. На пример, ако паднете од мост или доживеете сообраќајна несреќа, најверојатно ќе се плашите од вода или автомобили поради тоа.rn
5. Соочувањето со вашите стравови навистина ќе ви помогне
rnАко се соочите со вашиот страв, тоа значи дека сте еден чекор поблиску кон неговото совладување. Страшно е, но обидете се да го погледнете стравот во очи и да му се спротивставите. Ваквиот став ќе направи чуда за вас!rn
6. Стравот може да ја измести реалноста
rnСтравот буквално може да ја измести реалноста. На пример, доколку сте клаустрофобични, ако останете затворени во мала просторија, просторијата ќе ви изгледа многу помала одошто навистина е.rn
7. Стравот може да доведе до развој
rnКога се плашиме од нешто, тоа значи дека имаме можност за развој. Стравот ни дава шанса да работиме на себе и да станеме подобри. Стравот не е секогаш негативна работа.rn
8. Нештата никогаш не се толку лоши колку што изгледаат
rnСамо затоа што сѐ ви се чини за никаде и се чувствувате лошо, не значи дека тоа е навистина така во реалноста. Ништо не е толку лошо колку што се чини. Можете да ја најдете позитивната страна на сите нешта во животот.rn
9. Можете да ги совладате вашите стравови
rnКога ќе станете свесни за вашите стравови, можете да се обидете да ги надминете. Не треба да вложите многу труд за да се соочите со нив, а ако успеете да го сторите тоа, ќе можете и да ги победите. Не заборавајте дека стравот ве спречува да го остварите вашиот вистински потенцијал.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за 13-те инстинктивни стравови кај луѓето и причините зад нив.