Научниците откриваат: Зошто е добро да се биде тврдоглав?

Сподели

Сите се надеваме дека ќе имаме долг живот, но не знаеме од што точно зависи долгиот животен век. Научниците веруваат дека клучен елемент на долговечноста е една карактерна особина која обично ја сметаме за негативна, а тоа е тврдоглавоста.

Реклама

Верувале или не, токму оваа карактерна црта ќе ви помогне да развиете позитивен став, упорност, кариера и хобија, како и одлучност за да живеете на начин кој е најдобар за вашето психофизичко здравје.

Резултатите од ова интересно истражување, спроведено на Универзитетите во Рим и Сан Диего, покажале дека љубовта во семејството и силните религиски уверувања се позитивни предуслов за долг живот и добро ментално здравје.

Во истражувањето учествувале испитаници од 9 села во областа на јужна Италија и се открило дека најстарите членови од семејството се во многу подобра психичка состојба за разлика од помладите членови од семејството. Авторката на истражувањето, Ана Скелцо, изјавила дека овие луѓе и понатаму ги извршуваат нивните обврски поврзани со земјоделство и имаат смисла и цел во животот.

Тие не се предаваат толку лесно, тврдоглави се и имаат извонредна контрола врз својот живот. Тие не се грижеле за туѓото мислење и се прилагодувале на животните промени многу подобро од останатите. Поради сето ова, несомнено е дека тврдоглавите луѓе ќе доживеат длабока старост.

Сепак, тврдоглавоста нема да ви биде доволна за да доживеете длабока старост. Прочитајте ги и овие 8 совети за здрав и долг живот од древните Маи.

Популарно

Може ќе ве интересира