15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Сподели

Новогодишните и божиќните празници се веќе на прагот, а вас ве измачува следново прашање: Што да им купите на пријателите и семејството? Супер е ако знаете што сакаат, но тоа не е секогаш случајот. Доколку навистина немате поим што би им подариле, следниве 15 креативни и корисни подароци сигурно ќе им се допаднат и ќе направат да се чувствуваат посебно…rn

Реклама

1. Подметнувачи за чаши

rnПодметнувачите се подароци што сигурно нема да собираат прашина на полиците. Лесно можете да ги направите со плочки од плута. Ќе треба само да ја исечете посакуваната форма и да ја обоите. Можете да искористите и плочки од играта Scrabble. Измислете зборови и пуштете се во акција!rn

2. Фотографија

rnМожете да подарите неколку слики на многу уникатен начин, така што ќе направите фото сложувалка или кутија полна со најтоплите спомени. Не е толку тешко колку што изгледа!rn

3. Уникатна свеќа

rnВаквите свеќи кај секого можат да го разбудат празничниот дух. Најважно е што нема да ви треба многу време за да ги направите.rn

4. Плетено ќебе

rnВо текот на студената зима нема ништо подобро од големо, топло, исплетено ќебе. Нема да ви требаат игли за плетење за да го исплетете ќебето на сликава. Можете да го исплетете само со помош на вашите раце, ако ја научите оваа техника.rn

5. Ракавици

rnНе треба да одите на час по плетење за да ги направите овие ракавици. Само замислете колку многу топлина ќе им дадете на вашите најблиски со ваквиот подарок! Погледнете ги деталните упатства и фатете се за работа.rn

6. Шолји во новогодишен дух

rnШолјите можете да ги направите какви што сакате. Само одберете ја бојата и стилот што најмногу ви се допаѓа: Светки, шолја во 2 бои или слатки слики.rn

7. Пакетче со производи за топло чоколадо

rnОва е многу едноставен и вкусен подарок: Пакетче полно со сите состојки што се потребни за да се направи топло чоколадо! Чоколадо, шлаг, карамела, вафли, какао и уште многу други што ќе ви паднат на памет. Одберете уникатен начин на пакување, како на пример спакувајте ги производите во новогодишен лампион.

Продолжете на следната страница за останатите креативни подароци…

Популарно

Може ќе ве интересира