22 прекрасни новогодишни украси кои можете да ги направите со сопствените раце

Сподели

Новогодишните и божиќните празници за многумина од нас се омиленото време од годината. Снегот паѓа, воздухот трепери, а вие седите завиткани во вашиот дом со своите најмили, пиете варено вино, ја китите елката и подготвувате поклони. Навистина, има нешто магично во декември. Празниците само што не пристигнале, а ние ви откриваме идеи како да го украсите вашиот дом потполно сами и подготвени да ги дочекате празниците.rn

Реклама

1. Снежна топка со автомобил

rnСигурно ќе ја разбуди вашата носталгија и ќе ве потсети на периодот кога сте биле дете.rn

2. Орнамент со фотографии

rnВашите омилени спомени заслужуваат да бидат изложени, а не заглавени во телефонот или кутијата за обувки. Затоа овие лампиони се совршен начин да им ги покажете на останатите.rn

3. Џуџиња од шишарки

rnЗарем не се преслатки? Совршен украс за елката или каминот ако сакате нешто забавно, а свечено.rn

4. Дрвени санки како украс

rnВо правењето на овој украс може да ви помогнат и вашите малечки – едноставен, сладок, а повторно во духот на празниците.rn

5. Венец

rnВенците може да бидат прилично скапи, особено во текот на празниците. Зошто не би заштедиле пари, а од вишокот украси за елка самите да направите венец?rn

6. Венец во форма на снежна топка

rnАко разнобојниот венец од лампиони не е по ваш вкус, зошто не се обидете со ваков? Свечено, забавно и целосно шармантно.

Продолжете на следната страница за уште неколку новогодишни идеи.rn

Популарно

Може ќе ве интересира