КАФЕ ПАУЗА

12 факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања

Науката никогаш не престанува со истражување на светот. Таа секогаш е подготвена да нè изненади со неверојатни и неочекувани откритија. Погледнете ги најинтересните нови факти од разните области на науката кои можеби сте ги испуштиле.rn

1. Песната на китовите звучи како џез

rn(1)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnИстражувачите на Универзитет од Калифорнија развиле посебен метод за анализирање и споредување звуци – од човечкиот говор до звукот на громот. Резултатите од истражувањето покажале дека јазикот на китовите има структура слична на онаа на џез музиката. Звукот на громот пак е сличен со звукот на класичните симфонии.rn

2. Откриен е најатрактивниот дел од женското тело

rn(2)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnЕдна група научници од Европа откриле дека вниманието што го добива жената зависи од тоа колку може да го свитка грбот. За време на експериментот, научниците им покажувале 3Д модели од женски тела на машка публика и притоа ја следеле реакцијата на нивните очи. Се покажало дека облината на грбот е најпривлечниот дел.rn

3. Коските можат да бидат направени од полиетилен

rn(3)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnРуските научници од Универзитетот за наука и технологија создале материјал кој може да се користи за изработка на безбедни и трајни коски, зглобови и протези. Тешко е да поверувате, но полиетиленот кој нормално се поврзува со кесите може да се користи како материјал за протези.rn

4. Птиците работат како „дадилки“ и очекуваат да добијат наследство

rn(4)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnНаучниците забележале дека некои моногамни птици им помагале на другите птици да ги одгледаат своите деца наместо да имаат свои малечки. Го правеле ова бидејќи сакале наследство – кога малечките ќе пораснат тие го напуштаат гнездото и бараат нов дом. Напуштената територија тогаш им припаѓа на „дадилките“. Изгледа и птиците знаат нешто за бизнис.rn

5. Летачки мотори и автомобили

rn(5)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnScorpion-3, летачкиот мотор, веќе е користен од страна на полицијата во Дубаи. Следниот чекор е летачки автомобил кој ќе може да полета и да се спушти вертикално. Изгледа сообраќајниот метеж ќе стане минато.rn

6. Рибите можеби имаат емоции

rn(6)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnИнтернационална група научници докажала дека рибите реагираат емотивно на некои природни фактори. За време на истражувањето, научниците ги изложувале рибите на стресни „ситуации“ и го мереле нивото на хормони во нивното тело.rnrnПродолжува на следната страница…rn