7 прекрасни збирки кои ќе ве натераат да се вљубите во поезијата
Штом ќе слушнете за поезија, што прво ви паѓа на ум? Повеќето луѓе избегнуваат да читаат поезија бидејќи сметаат дека не ја разбираат. Оваа листа содржи збирки кои можеби ќе ви го променат мислењето. Ќе ви помогнат да ја гледате поезијата како нешто од коешто ќе учите и ќе се истражите себеси и вашите емоции.
1. „Долг пат“ (Long Way Down) – Џејсон Рејнолдс
Оваа новела во стихови раскажува за значењето на одмаздата и за помирувањето со духовите од вашето минато. Рејнолдс е одличен автор без разлика дали пишува поезија или проза, а приказните кои ги создава се моќни, критички и навистина погодуваат. Секој ќе може да се пронајде во главниот лик, Вил, и во неговото донесување одлуки низ приказната. Секоја поема ве носи поблиску до донесувањето одлука и на крај ќе се запрашате како авторот внел толку многу во овие поеми. „Долг пат“ сигурно ќе ве натера да посегнете и по други новели во стихови.
2. „Принцезата се спасува сама во оваа приказна“ (The Princess Saves Herself in This One) – Аманда Лавлејс
Ако сметате дека старите бајки се преполни со храбри витези, тогаш навистина ќе ви се допадне првата поетска збирка на Аманда. Оваа провокативна збирка ќе ве натера да помислите дека сте ја напишале самите. Ова дело е феминистичка поезија што секој треба да го прочита. Целта е да ви покаже како да живеете со себе и да се осигурите дека го добивате најдоброто од овој свет, бидејќи токму тоа го заслужувате. Збирката е толку популарна, што Аманда одлучила да објави уште два дела – „Вештерката не гори во оваа приказна“ (The Witch Doesn’t Burn in This One) во 2018 година, и „Гласот на сирената се враќа во оваа приказна“ (The Mermaid’s Voice Returns in This One) во 2019.
3. „Улична љубов“ (Street Love) – Волтер Дин Мајерс
Уште една новела во стихови која ја прераскажува приказната за Ромео и Јулија. Главните ликови се Дамјан и Џунис кои се вљубуваат. Она што авторот го прави многу умешно е течењето на лирскиот аспект создавајќи суптилни навестувања со кои читателот може сам да ги пополни празнините. Штом ќе ја почнете оваа збирка, ќе заборавите дека читате поезија.
Продолжува на следната страница…