10 следни можни чекори во еволуцијата на човекот
Луѓето не престанале да еволуираат. Иако цивилизацијата не постои доволно долго за да забележиме некои големи промени, можеме да очекуваме нешто такво. Оваа листа ги содржи 10-те најголеми промени кои можеме да ги очекуваме кај луѓето во наредните 200.000 години. Тоа е ако цивилизацијата продолжи по истиот пат по кој се движи сега.
1. Моноетничност
Мултикултурата е составен дел од модерно општество. Па, не треба да нè изненадува можноста дека сите луѓе ќе еволуираат во единствена етничка група ако продолжи мешањето на културите. Луѓето постепено ќе почнат да ги губат карактеристиките на нивната етничка припадност и ќе имаат карактеристики од целиот свет. Од ова ќе има очигледна предност – „расите“ повеќе нема да бидат проблем.
2. Ослабен имунитет
Бидејќи луѓето стануваат сè позависни од лекови, можно е нашиот имунитет да ослаби. Најдобриот начин да се објасни ова е примерот со користење хормони. Замислете иднина во која со додатоци можете да ги регулирате вашите хормони во корист на вашето здравје. Со текот на времето вашето тело ќе стане „зависно“ на овие хормонални додатоци, и тоа до тој степен што ќе престане да ги произведува. Процесот на создавање хормони ќе стане помалку важен за опстанок бидејќи вашето тело секогаш ќе има доволно. По илјадници години можно е луѓето да еволуираат до точка каде што хормоните повеќе нема да се создаваат во телото. Од ова следува и следното прашање – зошто би му бил потребен имунитет на човекот ако сите патогени се отстрануваат со лекови?
3. Мускулна атрофија
Постојат две причини за ова. Првата е нашата зависност од технологија и машини кои прават многу работи за нас. Секоја идна генерација помалку зависи од физичка сила, па можно е целиот вид да стане послаб. Втората причина би станала возможна ако се преместиме во вселената. Во ова сценарио, физичката сила речиси и да не е потребна за секојдневни активности. Ако поминуваме премногу време како вселенски истражувачи, голема е веројатноста да ја изгубиме мускулната маса.
4. Зголемена висина
Висината на луѓето е значително зголемена во последните 2 века. Само во последните 150 години, луѓето се повисоки за 10 центиметри. Се верува дека причината за ова се големото количество прехранбени материи. Гладот речиси не постои во многу земји. Колку повеќе јаде едно дете, толку повеќе енергија има за да порасне. Сè додека имаме храна во изобилство, нашиот вид ќе станува повисок.
5. Губење влакна
Бидејќи веќе голем дел од влакната на телото се изгубени, веројатно е луѓето да стануваат сè „поќелави“. На кратко, жените сè почесто се сметаат за привлечни доколку немаат влакна на телото. Бидејќи ова има улога во нивната сексуална привлечност, можеме да очекуваме жените да еволуираат до тој степен што ќе немаат влакна на телото. Оваа промена се очекува и кај мажите, но би се одвивала побавно.
Продолжува на следната страница…