Како да ги преживеете најголемите 4 животни кризи со кои секој се соочува?

Сподели

Сите ние мислиме дека кризите се нешто лошо и треба да ги надминеме или да умреме обидувајќи се. Но, дали има потреба од сето тоа? Навистина е невозможно да избегаме од работите кои може да ни се случат неочекувано. Погледнете како да ги препознаете кризите кои ви претстојат, кои прашања да ги одговорите и од каде да ја најдете моќта за да се соочите со новото поглавје од вашиот живот.rn

Реклама

1. 18 години

Состојба:

rnЗамислете тинејџер кој е целосно збунет бидејќи треба да одговори фундаментално прашање. На ова додајте ја и емоционалната напнатост и радикалниот поглед на светот кој е нормален за оваа возраст. Некои семејства имаат одлично решение за оваа ситуација – „празна година“. Ова е една година пауза помеѓу завршување средно училиште и запишување на факултет што може да се помине во работење, патување и себеоткривање. Во оваа година може да не се случат никакви чуда, но идните одлуки може да станат посвесни и поуспешни.rn

Решение:

rnПред сè да бидеме искрени, невозможно е да се донесе правилна одлука додека сте под стрес поради тестови. Единственото нешто што вреди да го направите е да размислувате надвор од кутијата за ограничувањата и правилата. Поставете си ги овие прашања:rn

    rn011

  • Ако можев да правам едно нешто до крајот на животот, што би било тоа?
  • rn011

  • Што би направил/а ако не ми беше страв од ништо?
  • rn

rn

2. 25-30 години

rnВо книгата „Декада на дефинирање“ (The Defining Decade), Мег Џеј опишува личност која минува низ криза и ги цитира нејзините зборови:rn

„Се чувствувам како да сум сред океан. Можам да пливам на која било страна но никаде не гледам копно, па не знам на каде да се движам.“

rn

Состојба:

rnДенес нема потреба да го поминете животот работејќи на едно место. Личното созревање е приоритетот за сите. Ќе имате многу време да ги зајакнете вашите семејни вредности. Животните искуства на нашите родители прават да се чувствуваме виновни за нашите неостварени планови и скршена надеж. Периодот на криза е можност да отидете до дното, да се смирите таму, да ги разгледате идните можности, да ги разберете вашите желби, да се опуштите и да закрепнете. После ова ќе бидете доволно моќни повторно да се искачите на површината.rn

Решение:
    rn011

  • Како прво, престанете да се споредувате со вашите пријатели, соученици, колеги, а особено со децата на пријателките на мајка ви.
  • rn011

  • Ако сметате дека не сакате да ги исполните животните планови на некој друг, кажете го тоа. Тие не требало да се надеваат на вас ако не сакале да бидат разочарани.
  • rn011

  • Немојте да се плашите од грешките. Едноставно пробајте и или ќе успеете, или ќе научите нешто.
  • rn011

  • Еден е подобро од нула. Направете планови. Следете ги секој ден, барем по малку.
  • rn

rnПродолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира