Зошто машкото срце е покршливо од женското?
Мажите и жените се исти во однос на тоа дека и едните и другите јадат, спијат, дишат и крварат. Сите се способни за истата когнитивна мисла. Но, кога станува збор за начинот на кој го доживуваат животот, нивните реалности драстично се разликуваат.
Мажите и жените се воспитани на различен начин. Девојчињата учат дека треба да се облекуваат убаво, да сочувствуваат со другите и да си играат со кукли, додека момчињата се оставени да се грижат сами за себе. Родителите ги делат децата на две различни категории и потоа расправаат дека мажите и жените се различни поради гените.
Можно е разликата да се должи на генетиката до одреден степен, но најмногу од сѐ се должи на воспитувањето, а не на природата. Девојчињата учат дека треба да имаат самоконтрола, додека на момчињата им се дозволени повеќе работи со изговор дека таква им е природата.
Некои дури и би се согласиле дека животот е полесен за мажите. На женското тело му треба повеќе грижа отколку на машкото, особено ако ги земеме предвид општествените норми и очекувања кои треба да ги исполнуваат едните и другите.
Што е најтрагично, откако ќе станат возрасни, жените кои ги следат своите соништа и градат кариери се на некој начин осудувани од страна на општеството, бидејќи од нив сѐ уште се очекува да готват, чистат и да се грижат за децата.
Дури и жените кои се доволно силни за да го игнорираат наметнатиот притисок да најдат сопруг и наместо тоа одбираат да си ги следат соништата, набрзо откриваат дека потешко го добиваат она што го заслужуваат. Жените биле газени и понижувани илјадници години. Тие се соочуваат со многу повеќе емоционални удари за разлика од мажите во текот на целиот живот.
Но, жените се имаат драстично променето во последните неколку децении. Тие станаа емоционално посилни од мажите. Токму поради тоа што жените се соочувале со своите чувства уште во детството, сега се емоционално позрели и поотпорни од мажите. Генерално гледано, повеќето мажи не можат да ги поднесат истите удари што секојдневно ги поднесуваат жените.
Тоа е така затоа што жените се навикнале да примаат удари. Тие имале повеќе време да научат како да се справуваат со нивните емоции. Токму затоа, не треба да ве изненадува фактот што жените знаат како да се справат со раскинувањата, додека мажите страдаат многу повеќе. Жените претрпеле многу поголема емоционална болка од мажите и затоа многу побрзо можат да застанат на нозе.
Тоа не значи дека нивното срце е некршливо. Секому може да му се скрши срцето, без разлика на полот. Но, доколку сте претпреле многу удари низ животот, коските ви стануваат многу поцврсти и помали се шансите дека ќе се распаднете. Од друга страна, пак, ако не сте навикнале да управувате со своите емоции, ако не сте биле повредени, малтретирани, излажани и напуштени, тогаш болката предизвикана од скршеното срце навистина може да ве разбуди и ве натера да се соочите со суровата реалност.
Сепак, и мажите и жените ја преживуваат истата болка кога ќе бидат повредени. Прочитајте како е да се љуби повторно по болката предизвикана од скршеното срце.
Машкото срце не е покршливо. Машкото его е . Затоа што е големо ко Монт Еверест а нежно како најфин кристал.И после жените биле послабиот пол.